Home Вести Македонија Мицкоски до Заев: Математиката ви е слаба страна – ви оди само...

Мицкоски до Заев: Математиката ви е слаба страна – ви оди само собирање и множење

Денес, во моментов се одвива првата дебата меѓу лидерите на двете најголеми партии во оваа предизборна кампања, Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

На Заев и Мицкоски, ова не им е прва дебата. Тие во минатото имаа неколку такви соочувања. Речиси за сите нив, впечатливо беше нивното препукување и омаловажување.

Ништо поразлично не е ни денес. Заев и Мицкоски, не зборуваат многу за своите програми, туку се обидуваат да се дискредитираат меѓу себе. Главни аргументи им се разговорите кои деновиве се пуштаат во јавност.

Најнов актер околу кој се „кршат“ копјата е црногорскиот бизнисмен Дака, за кој Заев вели дека го сретнал замо еднаш и го одбил неговото барање за овозможување на некаков бизнис. Заев дополнува дека од разговорите јасно се слуша дека Дака дал пари во време кога сеуште владеел Груевски, рече Заев.

-Го повикувам Дака јавно да каже кога и на кого давал пари, рече Заев.

Околу тоа со кого е пријател Зоран Милевски Кичеец, Заев повторно упатува на разговорите меѓу Мицкоски и Кичевец и според него насоките кои Мицкоски му ги давал на Кичевец.

Заев исто така го обвини Мицкоски дека го крши законот за финансирање партии, бидехќи во разговори се слушало дека Сашо Мијалков и Орце Камчев давале пари, а ги немало во ниту еден извештај за донатори.

Мицкоски од друга страна одговори дека Кичевец бил другар со семејството Заеви и дека од разговорот на Дака јасно се слуша каде требал да оди и бил Дака, а тоа е кај Зоран Заев.

Околу прашањето од новинарот, дали двајцата лидери би ја прифатиле платформата на ДУИ за Албанец Премиер, Заев рече дека не би прифатиле такво нешто, односно би им дале на ВМРО-ДПМНЕ 13 пратеници да направат малцинска влада, или би побарале од Мицкоски 6 пратеника за тие да направат.

Со ова Заев алудираше дека СДСМ ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ со 55 на 48 пратеници.

На ова Мицкоски се насмеа и му одговори на Заев дека нему математика никогаш не му одела:

-Господине Заев, вас математика не ви оди. Од математика вас ви оди само собирање и множење, што за народот значи делење и одземање.

Дебатата е сеуште во тек.

ОТВОРЕНО СТУДИО

Публикувахте от Телевизија 24 в Вторник, 30 юни 2020 г.