Home Вести Македонија Вечерва вонредно се огласи Филипче: Ова што се случи е крајно непочитување...

Вечерва вонредно се огласи Филипче: Ова што се случи е крајно непочитување на здравствените работници

Министерството за внарешни работи вечерва приведе шест лица по инц идентот што се случи во ГОБ „8 септември“ каде се зак анувале кон докторка од Ковид центарот. Меѓу нив има и роднина на поч инат пациент од корона вирус кој бил пријавен за вербални закани со уште неколкумина кон медицинското лице и спроведен е со специјален протокол во полициската станица во Гази Баба.

Во врска со ин цидентот се огласи и доктор Христијан Костов, директор на ГОБ „8 септември“ кој за „Слободен печат“ изјави дека десетина членови на семејство на 60 годишна пациентка која пет дена била на респиратор, но, за жал, ја загубила битката со корона вирусот, се собрале пред болницата и се однесувале агр есивно.

Затоа и, како што истакна, морало да реагира обезбедувањето и да пријави во полиција.

„Се работи за 60 годишна жена која пет дена била на респиратор. Луѓето чекале надвор и сакале да го земат лешот, но тоа не е дозволиво бидејќи пациентката била позитивна на Ковид-19. Од Бутел по протокол доаѓаат во скафандери и со посебна опрема.

Почнало групирање, членовите на семејството биле аг реснивни и се за канувале, па нашето обезбедување повикало полиција. Имаме такви инциденти постојано. Ни ги носат в болница во многу тешка состојба, со сатурација 20, едвај дишат не можат да земат воздух.

Во случајот барале да ја земат пациентката од болницата, но со заразен леш тоа не смее да се дозволи. Имаме протокол според кој АД Бутел со своја опрема го носи телото на патоанатомија по претходно напишана упатница за патоанатомски Институт, изјави Костов за „Слободен печат“.

По овој повод, вечерва на социјалните мрежи се огласи и министерот Венко Филипче:

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нап адната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување почина од корона вирусот.

Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на поч инатата. Тие се обиделе на силно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од ковид-19.

Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.

Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој и нцидент.

Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не за кани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно, напиша Филипче.