Home Вести Македонија (ВИДЕО) По подолго време во јавност се појави Ѓорге Иванов – се...

(ВИДЕО) По подолго време во јавност се појави Ѓорге Иванов – се вклучува ли во кампања

Потпретседателот и кандидат на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во изборната единица 4, чиј носител е за претстојните избори, Александар Николоски, денес на својот профил на социјалните мрежи постави видео од негова средба со поранешниот Претседател на Македонија во два мандата, професорот Ѓорге Иванов.

Ѓорге Иванов долго го немаше во јавноста. По завршувањето на неговиот мандат минатата година, тој речиси комплетно се повлече од политичкиот и јавниот живот во нашата држава.

Едни од последните активности на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, беше на сесијата посветена на темата – Сегашноста и иднината на Европа: Мирот и безбедноста во регионот, која се одржа во сенатот на Италијанската Република, есента, некаде во ноември 2019 година.

Со сесијата претседаваше поранешниот италијански министер за надворешни работи и поранешен еврокомесар, Франко Фратини и истата е дел од 19-тиот Состанок на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема: „Слобода од насилство: Мир, безбедност и превенција на конфликти во развојната агенда 2030“, која се одржа во Рим од 26 до 29 ноември.

Николоски вчера, напиша дека е горд што добил поддршка од како што го нарекува мојот професор и поранешен Претсдеал Ѓорге Иванов:

„Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала.

Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања.

Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“, напиша носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски!“

Дали ова значи активирање на поранешниот Претседател во изборната кампања, како помош за ВМРО-ДПМНе, или се работело само за средба со кандидатот на опозицијата во неговиот роден град Валандово, останува да покаже остатокот од кампањата за претстојните избори, кои треба да се случат на 15 јули.

Средба со Претседателот Ѓорге Иванов, горд сум на неговaта поддршка

Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија!

Публикувахте от Aleksandar Nikoloski в Понеделник, 29 юни 2020 г.