Home Вести Македонија Агенциите бараат итно укинување на карантин за да можат да доаѓаат луѓе...

Агенциите бараат итно укинување на карантин за да можат да доаѓаат луѓе од странство

Светот постепено се враќа кон туризмот. Шпанија и Италија кои беа најпогодени, веќе ги отвораат границите и ги примаат првите туристи, но и на светско ниво гледаме дека сите големи светски дестинации масивно работат на промоција на своите држави како безбедни туристички дестанции. Конкуренцијата на светскиот пазар е огромна.

Светски познатите дестинации вложуваат огромни напори и големи суми на субвенции за да ги привлечат туристите. Свесни сме дека оваа година многу помалку ќе се патува поради економската ослабеност и поради стравот од Корона и на нас останува дали нешто ќе преземеме и ќе фатиме чекор со останатите земји, нагласи Владимир Граматиков, претседател на туристичко-угостителска комора.

Во услови на нула денари профит, колку што се наоѓаат во последните три месеци, бараат и неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14.500 денари, платени придонеси, ослободување од ДДВ.

Во спротивно според нив, ќе се соочат со пропаѓање, бидејќи, како што велат, жив човек нема да влезе и да побара аражман за летување.

– Не сакаме да профитираме, не бараме големи грантови. Сакаме нормални услови за работа, а додека државата не ни ги створи, бараме поддршка за опстанок на нашиот бизнис, за опстанок на нашите семејства, за покривање на трошоците.

Бараме неповратна помош, зашто ако евентуално ни се обезбедат позајмици, не ќе имаме средства да ги вратиме. Ние сме неколку илајди вработени и за жал, ако ситуацијата вака продолжи, а државата не ни помогне, голем дел од нас ќе банротираат, ќе бидеме приморани да затвориме и практично од септември ќе бидеме нови невработени.

Допрва не чека мртов период, септември, октомври, ноември, декември. Дали мислите дека некој ќе оди на Нова Година или ќе патува на есен?

Меѓу барањата, дополни, е и агенциите да бидат исто така опфатени со мерката за ваучерите „Дома си е дома“.

Туристичките работници бараат неповратна финансиска помош за покривање на режиските трошоци. За помалите агенции до 5 вработени 500 евра субвенција, а над 5 вработени по 1.000 евра додека трае ситуацијата, но и за април, мај и јуни.

Отворањето на границите под овие услови за нас е кат астро фално, велат од секторот. Бараат отворање на границите, без вакви рестриктивни мерки.

Гласот го кренаа и туристичките водичи. Бараат поддршка од државата за да ги надминат финансиските загуби. Велат дека не биле вклучени во ниту еден од пакетите што ги дава државата.