Home Вести Бројката на нови случаи со Корона денес повторно вртоглаво скокна – зеде...

Бројката на нови случаи со Корона денес повторно вртоглаво скокна – зеде уште пет човечки животи

Од Министерството за здравство информираа дека во последните 24 часа направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2. Поч инаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта по чина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ поч инаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.