Home Вести Дијаспора Од денес и Словенија не прима Македонци – сепак има исклучок за...

Од денес и Словенија не прима Македонци – сепак има исклучок за две категории кои транзитираат

Како што се зголемуваат позитивните случаи на Корона на дневно ниво во нашата држава, така земјите кои се во нашето поблиско и подалечно соседство ги затвораат своите граници за наши државјани.

Најпрво тоа го направи Црна Гора, која издаде протокол кој важи за сите држави, не само за нас, а тоа е помалку од 25 активни случаи на 100 илјади жители. Потоа и Хрватска кажа дека нема да прима Македоснки државјани.

Минатата недела слична ваква одлука донесе Бугарија, која почна да бара негативен ПЦР тест за влез на македонски државјани на нивна територија. Но нашинци кои го користат Софискиот аеродром како трамзит кон државата, викендов на социјалните мрежи пишуваа за проблеми дури и со негативен ПЦР тест.

Словенија од денеска воведе 14 дневен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија. Ваквата одлука ќе важи за сите без разлика дали се државјани на Македонија, Словенија или држава членка на Унијата.

Исклучок ќе има само за дипломатите и транзит превозниците. Во образложението на словенечкото министерство за внатрешни работи се вели дека одлуката е донесена поради вонредно тешката епидемиолошка состојба во земјава.

Македонија не се најде ниту на листата на Кипар кој од денеска ги отвори границите за 13 земји, чии граѓани можат да влезат во Кипар само со негативен тест за корона вирусот. Македонија ја нема ниту на списокот земји за кои Кипар ќе ги отвори границите на 20 јуни.

Во меѓувреме уште се очекува официјаната одлука на грчките власти дали ќе дозволи влез за македонски државјани од 15 јуни, откако грчкиот министер Герапетрис не ја исклучи можноста границите помеѓу двете земји да останат затворени поради зголемениот број на заболени од ковид 19 во земјава.