Home Живот По 3 пати на ден мерам температура, аман, ќе се шекнам –...

По 3 пати на ден мерам температура, аман, ќе се шекнам – до кога ќе трае ова

Немам каде да се испразнам, но сакам. Ова веќе не се поднесува. Аман, до кога ќе трае, ме тепа психа, нервно попуштам… со вакви зборови се обрати наша читателка која замоли да ја споделиме нејзината состојба.

Живеам во Скопје. Искрено да ви кажам, вака не се чувстввував ниту на почетокот на пандемијата во март. Ниту во Април, кога насекаде во светот бројките на позитивни се покачуваа.

Но ова сега што ми се случува не можам да го објаснам. Пред некое време го слушав оној српскиот доктор, Несторовиќ мислам се презиваше. Човекот рече дека до средината на јули вирусот ќе го нема, ќе исчезне.

Навистина, крајот на мај и почетокот на јуни беше така. Работата многу се смири. Мир ми даваше и нашиот Вело Марковски, кој од почеток на пандемијава викаше дека ова не е толку страшно, дека е како грип, дека брзо ќе помине…

Но ова што почна последниве две недели, мислам никој не го очекуваше. Јас бев прилично мирна изминативе месеци и не знам што ми стана сега!

По три пати на ден мерам температура. Сè нешто не ми е добро. Дури почнувам да се плашам дека температурата ми е ниска, 35 со 4. Па му викам на маж ми да се јави на некој доктор. Тој ми вели не си нормална, смири се.

Мислам дека целиот немир ми се јави кога почнаа докторите да се заразуваат. Добро, дали не помислуваат луѓево шо си се рашетуваат по викенди, шо си одат по кафани, шо си праат кеифови, дека е многу веројатно да останеме без лекари, без медицински персонал.

Можно е тој или некој негов близок да нема кој да го лекува. Дали не си помислуваат? Зошто сме толку неразбрани, зоштоооо? Можно е многу лошо да биде ова вака ако продолжи.

Како што читам не е само кај нас, еве секаде веќе повторно се враќа. Вчера гледав таа страната борлдметар и во Америка почнало пак да се накачува и во европскиве земји.

Колку што следам и колку што успевам да разберам, далеку сме од тоа да има некоја вакцина. Изгледа не можат да ја направат како што треба. Почнале на луѓе да тестираат, ама не кажуваат колку е успешно.

Аман! Ќе има ли ова крај? Се плашам за мене, за моите блиски, за моето дете. Имаат ли памет овие кои постираат секакви глупости, теории некакви, дека било лажно. Гледам една пејачка и еден режисер се најгласни. Нормални ли сте бе луѓе. Имате ли памет??

Среќа е што не одам на работа. Мислам дека би си дала отказ кога би работела. Незнам шо да кажам веќе, не сум како што треба.

Обработи: П.П. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.