Home Живот Др. Вело Марковски за Магазин: Непотребно изгубивме неколку месеци

Др. Вело Марковски за Магазин: Непотребно изгубивме неколку месеци

Инфектологот др. Вело Марковски, во поопширно интервју за порталот Магазин, меѓудругото вели:

-На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу нас и во светот. Но за жал ние останавме крути во ставовите без да создадеме своја државна стратегија, соодветна со нашите специфики.

Ние моравме да создадеме стратегија за справување со КОВИД-19 пандемијата, и да избереме јасен модел, што очекуваме, кога и како ќе излеземе од пандемијава, кои жртви ќе ги имаме, колкав негативен ефект ќе имаме во економијата, и што е најважно како ќе ги менаџираме другите здравствени состојби и болести, за да не дојдеме во состојба кога жртвите од преземените мерки за заштита од КОВИД-19 ќе бидат поголеми од жртвите од самата болест предизвикана од корана вирусот САРС ков-2, вели во интервју за Магазин, проф. д-р Вело Марковски.

Тој уште од самиот почеток на пандемијата јасно излезе со свои ставови за рестриктивните мерки, често пати спротивни на оние на првиот човек на здравството, министерот Венко Филипче.

Изминатиов период се соочивме со пакет рестриктивни мерки, дел од нив и премногу строги. Сметате ли дека превземените мерки кај нас беа сосема доволни, или пак требаше да се одбере конкретен модел и стратегија за справување со вирусот?

Ние после првиот месец веќе требаше да се соземеме од шокот, да го прифатиме реланото постоење на КОВИД-19, и да избереме модел за најдобар излез од оваа состојба. За жал ние два ипол месеци држевме многу строги рестриктивни мерки, и го држевме бројот на нови позитивни на 20-30 дневно, притоа создавајќи лажна слика и самоуверување дека ние го држиме вирусот под контрола.

И навистина, може да се држи ваков број на ново инфицирани/позитивни и долго време, со месеци, можеби и година применувајќи строги мерки, полициски час за цело време, карантински мерки.

Во тоа е апсурдноста на избраниот модел на непризнавање на болеста, односно желбата никој да не ни се разболе од КОВИД-19. А што станува со другите болести? Може ли економијата да издржи ваква една состојба. Што се случува со соедите, како тие се справуваат, ќе останеме ли изолирани? И најважното од се, што кога еден ден ќе мораме да ги олабавиме или укинеме мерките.

Што ќе се случи тогаш, дали ќе имаме скок на ново заболени/позитивни. Што сме постигнале, сме изгубиле неколку месеци, сме изгубиле околу 6 милјарди евра за три месеци, не сме воделе грижа за другите болести (пред се малигните и хроничните болни), не сме правеле систематски прегледи, не сме излегувале на сонце, психофизичкото здравје на населението сме го нарушиле. При тоа сме ги умориле луѓето од првите борбени линии (лекари, полицајци…)

Значи, да резимирам, мерките си се мерки, но за да ги цениме дали се добри или не треба да ги анализираме од аспект што сме сакаме и што сме постигнале. Ние ниеднаш не кажавме јасно што сакаме да постигнеме, едноставно држевме колку што можевме и очекувавме вирусот природно да се повлече, за жал очигледно е дека не се повлече.

Од тој аспект ни требаше и се уште ни треба јасна стратегија и избор на реален модел базиран на економската благосостојба на државата, карактерот, верските навики, информираноста и колективниот дух на населението, капацитетите на здравствениот систем…“

Целото интервју прочитајте го на магазин.мк