Home Естрада Популарниот пејач искрено признава: Од жена ми се плашам повеќе отколку од...

Популарниот пејач искрено признава: Од жена ми се плашам повеќе отколку од вирусот

Пејачот Драгиша Трајковиќ Џани и неговата сопруга Слаѓа се куриозитет од српската естрада во оваа пандемиска криза, бидејќи, додека траеше карантинот во Србија, тие беа осудени на три месеци домашен при твор поради кршење на правилата во пандемија.

Тие беа приведени во еден познат хотел каде што покрај нив имало 22 лица. Сопругата на Џани, Слаѓа тогаш за телеграф.рс ги откри сите детали.

„Бевме на погрешно место, во погрешно време. Отидовме да однесеме лек на пријател, не знаевме дека не треба има повеќе од двајца на едно место, а тоа известување не беше никаде објавено, никој од хотелот не ни кажа дека не смееме да бидеме таму.

Не знаевме што ќе се случи, не сакавме да загрозиме некој или да се загрозиме себе. Имам три деца, среќа не бевме сите заедно затоа што можевме да завршиме во зат вор“ рече тогаш Слаѓа.

Популарниот пејач Ѓани, деновиве во изјава за медиумите, крајно искрено признава дека од сопругата Слаѓана се плаши повеќе и од корона, за  твор и полиција, заедно! Фолкерот вели дека неговата поубава половина му влеала страв во коски и затоа не размислува да се „швалерисува“ на страна.

„Од Слаѓа се плашам повеќе и од корона, затвор и полицијата. Таа ми прави што сака! Дури да сакам и само да се дружам со некоја девојка, не смеам, затоа што жена ми ќе ме реши!

Порано ме поврзуваа со многу од нив, а всушност не ми беше дозволено да бидам со никоја од нив. Никогаш не сум имал односи со други откако сум во брак, дури ни со старлети“ – вели Ѓани и додава дека освен неговата сопруга, само од змии се плаши:

„Не можам да ги гледам ниту на слика! Кога ќе го слушнам зборот „змија“, веднаш ми се качува шеќерот. Јас би завршил во болница од шок, случајно да имам блиска средба со некоја змија.

Во „Амиџи шоу“, фолк пејачот се осврна и на трите месеци што ги помина во куќен при твор заради непочитување на мерките за време на вонредната состојба. На 3-ти април, тој беше затечен од полицијата во кафе барот на еден белградски хотел со сопругата, синот и снаата, кршејќи ја забраната за собирање на повеќе од две лица во затворено.

„Кафето кое го испив во хотелот скапо ме чинеше, но стоечки издржав. Полицајците цело време беа фер кон нас, па не се обидував да ги поткупувам и некако да ја избегнам казната“ – вели Ѓани.

Ивор: Вистина