Home Живот Жан Митрев, празно, празно место, па сè останато од медицина кај нас...

Жан Митрев, празно, празно место, па сè останато од медицина кај нас – Драган од Скопје излекуван за десетина дена

Во клиниката на др. Жан Митрев, освен кардиолошките болести, одамна се третираат и останати заболувања. Пред околу дваесеттина денови, тие известија дека со помош на хемофилтрација, успеале успешно да излекуваат пациент позитивен на корона вирусот, за што пишувавме.

Вчера, од клиниката соопштија за нов сличен случај. По десетина денови поминати на интензивна нега во клиниката Жан Митрев, си замина пациентот кој беше примен во многу тешка состојба и заразен со Ковид-19.

Со вонтелесна пречистителна терапија до квалитативно и квантитативно прочистување на крвта, докторите од оваа клиника успеаја да се изборат за животот на овој пациент за што сведочи и самиот тој.

Во одделот на клиниката каде што се лекуваат пациенти заболени од Ковид 19 беше сместен и овој маж на 67 годишна возраст, со многу тешка клиничка слика.

Имал телесна температура од 38,5 степени Целзиусови, телесна слабост, отежнато дишење и замор. Веднаш бил поставен на неинвазивен мониторинг за следење на виталните функции, а потоа му биле направени сите потребни испитувања.

Од направените тестови се потврдило дека е позитивен на новиот корона вирус и веднаш бил поставен на вонтелесна пречистителна терапија која има за цел прочистување на крвта од токсините ослободени од воспалителниот процес.

Од првиот ден кога крвните анализи покажувале CRP – 164, за само две хемофилтрации параметрите на овој протеин кој укажува на инфекција во телото, се симнале на вредност од 15.6, што е во нормални граници.

Инаку, Ц реактивниот протеин е еден од општите показатели за воспаление и укажува на некоја акутна инфекција. Вредноста расте и при најмал воспалителен процес во организмот.

Покрај оваа терапија пациентот бил поставен и на витаминска, антибиотска и кортикостероидна терапија, како и физиотерапија која вклучува респираторни вежби и мобилизација, на што пациентот одлично реагирал.

Драган Николовски од Скопје заболел од Ковид 19 на почетокот од јуни. На 8 јуни ги добил првите симптоми, на 9 јуни го направил тестирањето со што се потрдило дека е позитивен на К-19.

Првите денови телесната темепратура му се покачувала до 39 степени целзиусови, а потоа му се намалила на 38 степени во континуитет од 14 дена, колку што траела изолацијата.

После овој период тој заминал на преглед во 8 Септември каде на направената рендген снимка на белите дробови му била утврдена пневмонија.

Драган бидејќи морал да биде хоспитализиран, ја одбрал клиниката Жан Митрев, каде веднаш по направените анализи и тестирања бил поставен на апаратот за прочистување на крвта.

После лекувањето Драган се чувствува одлично и денес тој е благодарен на сите доктори кои пожртвувано се грижеле за него и му овозможиле да се излекува од оваа опасна болест.

И.П. – NMD.mk

По десетина дена интензивно лекување во нашата клиника си замина пациент кој беше примен во многу тешка состојба заразен со Ковид-19.Со вонтелесна пречистителна терапија до квалитативно и квантитативно прочистување на крвта се изборивме за животот на овој пациент за што сведочи и самиот тој.

Публикувахте от ZAN MITREV в Сряда, 1 юли 2020 г.