Home Живот Хабиб се соочи со најголемата загуба – вирусот му го одзеде неговиот...

Хабиб се соочи со најголемата загуба – вирусот му го одзеде неговиот татко и тренер

Русинот, односно Дагестанецот Хабиб Нурмагамедов, пред две години ја прослави најважната победа во кариерата, скромно со најблиските роднини и пријатели.

Познати се примерите кога спортисти од сиромашни средини, успеале да се искачат на врвот.

Хабиб се гордее со она што го има. Тој живее во неговото родно село Силда кое се наоѓа на врв на планина. Спие на метален кревет, се дружи со своите соселани, секојдневно плива во ладната река.

Нурмагамедов тогаш ги прими новинарите во својот дом и во краткото видео го долови својот живот на кое можеше да се забележи неговата човечка димензија, почитта кон постарите, грижата за децата.

Познатиот борец и легенда на Русија, деновиве Хабиб Нурмагомедов доживува голема семејна трагедија.

Неговиот татко и тренер Абдулманап поч инал во Москва на 57-годишна возраст, поради компликации како резултат на инфекцијата „Ковид-19“.

Според руските медиуми, постариот Нурмагомедов бил примен во болницата, откако било откриено дека е заразен со вирусот на корона.

Бидејќи доживеал срцев удар поради тоа, лекарите итно оперирале на него и инсталирале бајпас, по што двапати бил сместен во вештачка ко ма.

Лекарите ја опишаа неговата состојба како „сериозна, но стабилна“, но тој за жал ја загуби битката со оваа болест.

Нурмагомедов се разболе кон крајот на април. Првично бил лекуван во локална болница во неговата татковина, руската република Дагестан. Бидејќи неговата состојба се влошува, тој бил испратен на специјален лет за Москва, каде бил на лекување во воена болница.

Абдулманап го водел својот син Хабиб низ целата кариера. Тој ја претвори дел од куќата во теретана, каде младиот Хабиб учеше воени вештини. Абдулманап се здоби со голема репутација. Тој беше специјалист за борење и самбо – руска воена уметност за само одбрана.

Тој беше голем пријател на Владимир Путин, кој ги прими таткото и синот по победата на Хабиб над Корон Мек Грегор во 2018 година во Лас Вегас.