Home Вести Македонија Докторката Катица: Дежурам по 24 часа во Штип, а потоа уште толку...

Докторката Катица: Дежурам по 24 часа во Штип, а потоа уште толку во Струмица

По 24 часа дежурство во една болница, работата ја продолжува уште 24 часа во друга болница. Сè е исто, протоколите, подготовките, заштитната опрема, болничките кревети… само клиничката слика, имињата и возраста на пациентите заразени со ковид-19 се други.

Иста е и таа, д-р Катица Марангозова, инфектолог што три месеци животот го преселила во две болници, онаа во Струмица и таа во Штип.

Освен во болниците, таа работи и на прегледи во двете амбуланти во овие два града, а постојано е во контакт и со пациенти што се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Кога има некоја слободна минута, вели времето го користи да излезе на отворен простор и да украде малку сон, но дури и тогаш со мислите е кај пациентите и сликите од болниците не се забораваат.

Во телефонски разговор инфектологот Марангозова ја раскажа битк ата со ковид-19. Вели дека, иако како лекар ја поминала состојбата со вирусот Сарс, Мерс, со свински грип, вакво нешто, ниту таа, ниту нејзините колеги не виделе.

Нејзино постојано работно место пред пандемијата со ковид-19 била Општата болница во Струмица. Но бидејќи бројката на пациенти позитивни на коронавирус се зголемувала, а недостигале инфектолози, таа била ангажирана и во болницата во Штип и веќе трет месец живее на релација Штип-Струмица.

„Прв пат ме пратија во Штип на 5 април поради зголемена бројка на пациенти на Инфективното одделение во болницата во Штип. Имаше и доста лекари во изолација поради контакт со заразено лице. Имаше хоспитализирано околу 30 пациенти, од кои 14-15 беа со потешка клиничка слика. Пациентите претежно беа од кла стерот со фризерот од Кочани.

Таму работев околу 20 дена постојано со ангажмани и дежурства. Состојбата малку се смири и потоа бев пратена 14 дена во изолација, па кога излезе дека сум добра, повторно се вратив на Инфективното одделение во Струмица“, вели инфектологот Марангозова.

Пред некое време Штип повторно стана жа риште на ковид-19, а на удар беа текстилните работнички. Се затворија неколку конфекции, а се наполни и болницата во Штип. Инфектологот Марангозова пак се вратила да им помага на колегите.

„Штип повторно е жар иште поради непочитување на мерките. Имаме голем број активни случаи што произлегоа од текстилните фабрики. Бројката на хоспитализирани во Штип е 33, од кои 10 или 11 пациенти се на кислородна поддршка.

Ние сме четворица инфектолози и постојано работиме. Мора постојано да ги надгледувате пациентите. Имам дежурство по 24 часа во Штип, па потоа одам повторно 24 часа во Струмица. По два дена работење имам еден слободен ден.

Кога по две споени дежурства ќе си дојдам дома, тешко е дури човек и да заспие. Преморен си и постојано пред очи ти се сликите од болница. Кога сум во Струмица, ги мислам пациентите од Штип, и обратно. Но кога сум дома, ги мислам и едните и другите. Знаете, тоа е како уметниците кога цртаат и постојано во мисла им е делото што треба да го сработат и завршат. Така и лекарите, мислиме на пациентите сè дури тие не оздрават“, вели лекарката.

Целата сторија проследете ја на Македонците.цх