Home Вести Македонија Ненад од Велес до Филипче: За ова ќе ви пишувам се додека...

Ненад од Велес до Филипче: За ова ќе ви пишувам се додека не ми одговорите – бетер од Лидето сум упорен

Како што е познато, при прес конференции на Минитерот за здравство, Венко Филипче меѓу коментаторите беше забележана една негова обожавателка позната како Лиде Лиде, која јавно се изјасни дека има желба да пие кафе со минестерот.

Оваа симпатична покана не остана незабележана ниту од новинарите, па во интервју на ТВ21, новинарот го праша министерот Филипче дали би излегол на кафе со Лиде Лиде, на што тој одговори дека со задоволство би испил кафе со неа по завршувањето на кр изата со пандемијата.

Во текот на вчерашниот ден Министерот Филипче информираше дека ќе има скрининг за вработените во медиумие и напиша:

На денешната средба со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) договоривме во наредните денови да организираме бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за ковид-19.

Во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на коронавирусот. Освен тоа, во ЗНМ беше пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени. Скринингот ќе се спроведе во два дела.

Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од 3 дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг.

Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

Под објавата еден коментар особоено привлече внимание, а е напишан од Ненад Витанов кој вели:

Министре, ве поканувам да дојдете во Велес и да направите еден краток СКРИНИНГ на протоколите и местото за земање брис за ковид 19.

Ќе ве почестам и кафе бидејќи од мојата тераса до местото каде што се зема брис е неколку метри.За ова ќе ви пишувам се додека не ми одговорите или не го решите проблемот. Бетер од Лидето сум упорен кога се работи за моето и здравјето на моето семејство