Home Живот Срби кои заминаа во Грција сведочат што им е случило: Забележан прв...

Срби кои заминаа во Грција сведочат што им е случило: Забележан прв ваков случај

Грција секоја седмица ќе ја разгледува и ќе ја оценува ситуацијата со туристите во земјата, а секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за кои ќе биде дозволен влез, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

-Листата ќе се ажурира секои две седмици, но ние секоја седмица ќе имаме проценка како поминала претходната, за навремено, да биде соопштено, секогаш во соработка со нашите партнери, за да постои неопходната подготовка, рече Пецас.

За копнените граници, објасни дека на границата со Бугарија, влезот за посетители е дозволен само од преминот Промахонас (Кулата), додека пак на премините со Северна Македонија, Албанија и Турција, дозволени се само преминување oд есенцијални причини.

Говорејќи за туризмот објасни дека епидемиолозите се подготвени за сите сценарија, доколку биде потребно да се интервенира при евентуален зголемен број на случаи на Ковид-19 и додаде дека првите 15 дена од месецов „ќе бидат денови кога ќе се собираат податоци и ќе се следи ситуацијата, не само со туристичките бранови, туку и со резултатите од спроведените тестови“.

Во однос на вчерашниот прв ден од отвoрањето на аеродромите во Грција, Пецас рече дека на 16 од нив биле направени 5.889 тестови, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.

Грција започна со депортирање на туристи заразени со корона вирусот, откако врати српски туристи кои на случајните тестови на грчка граница се покажале како позитивни.

Белграѓанката за српски „Блиц“ го раскажувава своето искуство. Таа со сопругот и синот во неделата со автомобил заминале на капење на Халкидики. На граница се земал брис од еден член од семејството од секој автомобил, со српски регистерски таблички.

Граничарите им наложиле следните 24 часа да ги поминат во самоизолација и им соопштиле дека доколку тестот се покаже позитивен ќе бидат известени за најмногу 72 часа.

Семејството ги поминало следните три дена шетајќи се низ Ситонија. Таман се израдувале дека никој не им се јавил, а тоа би значело дека се негативни, само неколку минути пред истекот на тие 72 часа им се јавиле и им кажале дека сопругот е позитивен на корона.

Следел долг телефонски разговор на кој требало до детал да го објаснат секое свое движење и мерките за заштита што ги презеле. Бидејќи повикот ги начекал на плажа, им наложиле да се вратат во својот хотел и да не излегуваат од собата следните 14 дена.

Но, половина час подоцна им дале уште една опција, доколку сакаат, да се вратат самите за Србија, под услов за време на целото патување да носат маска и да застанат само доколку е неопходно.

По кратко размислување, а бидејќи сопругот немал симптоми, процениле дека за сите ќе биде најдобро да си заминат за Србија.