Home Живот Вељко откри зошто Цеца е сама: Како после еден орел, сега да...

Вељко откри зошто Цеца е сама: Како после еден орел, сега да спие со гулаби

Последниот месец, најпознатото српско семејство, Ражнатовиќ, е особено актуелно во јавноста. Цеца стана баба, а бебето го крстија Жељко, според таткото на Вељко.

Цеца направи гламурозна забава по повод раѓањето на внучето, а на мекиците беа присутни многу луѓе од естрадата и јавниот живот од Србија.

Но, деновите потоа, многумина присутни на таа забава, добија симптоми на корона, а неа беа поштедени ниту Цеца и нејзиниот син Вељко. Тие беа во изолација се до вториот негативен тест.

Синот на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Вељко, откри за српските медиуми како успева во улогата на „нов“ тато.

Младиот Ражнатовиќ вели дека е запознаен со родителството, со оглед дека пораснал во едно големо семејство, а и колку многу му помага неговата мајка во сето ова и дека ужива во новата титула на баба.

-Искрено, не можам да го земам синот во раце, од мојата мајка Цеца. Таа многу му се радува на внучето и му е целосно посветена, вели Вељко Ражнатовиќ.

Тој деновиве ги почна осумнеделните припреми за неговата следна бо рба, која би требало да се случи на крајот на август во Ниш. Вељко се надева дека ќе се соочи со некој од топ 100 борците на ранг листата.

Вељко во интервју за српски курир доби интересно прашање околу интимниот живот на неговата славна мајка. Познато е дека Цеца изминативе години, не дозволи јавноста да знае буквално ништо за нејзиниот интимен живот.

Нејзиниот син Вељко, околу ова прашање даде луциден и интересен одговор:

„Како после Орел, сега мајка ми да спие со гулаби“, низ насмевка одговори Вељко на провокативното новинарско прашање.