Home Естрада Вера: Мајка ми секогаш ми велеше дали ќе родиш во Македонија и...

Вера: Мајка ми секогаш ми велеше дали ќе родиш во Македонија и си реков сигурно Господ сакал така

Вера Трајкоска пред 7 месеци роди син во Мајка Македонија. Иако живее во Австралија, нејзина најголема желба била да роди тебе во родната земја.

Пејачката Вера Трајкоска по потекло е од Македонија, но живее и работи во Мелбурн, Австралија. Таа веќе година и пол заедно со нејзиното семејство престојува во Македонија, а токму пред 7 месеци повторно се оствари како мајка и го роди синчето Максим.

Таа не го криеше задоволството од тоа што детето е родено како што вели таа во “Мајка Македонија”.

-Прекрасно да, ете родив син во Мајка Македонија и многу сум среќна, благословена. Насадивме корен и не завршува со нас. Тоа нешто не беше планирано, три недели пред да дојдеме во Македонија дознав дека сум бремена.

Мајка ми секогаш ми велеше дали ќе родиш во Македонија и си реков сигурно Господ сакал така. Имам уште две дечиња Милан и Бјанка, близнаци, тие наполнија 9 години во мај месец тука во Македонија.-истакна Вера, во интервјуто за ИН ТВ.

Со оглед на тоа што во претходните месеци нашата земја беше во вонредна состојба поради пандемијата од коронавирусот, таа раскажува како поминал тој период за неа и нејзиното семејство.

-Па еве јас дека со мало бебе, а беше зима и некако лесно го поминавме поради тоа што немаше кај да се оди, но периодот кога требаше да почнеме да шетаме кога се затопли бевме затворени и сите ние ја чувствуваме таа криза, ама ќе помине.-додава таа, за Естрада плус.

Инаку, Вера пред само неколку денови во студиото на ИН Продукција ја претстави нејзината најнова песна со патриотска тематика која носи наслов “Пред споменикот на Гоце Делчев”.

Во едно претходно интервју Вера говореше за своите почетоци и љубовта за музиката.

-Од кога паметам песната ми беше поврзана со мојот карактер.Нашата куќа дури растев беше полна со македонска песна. Јас слушав песни со саати на радио, ленти, плочи или видео.

Песната беше мојата љубов и хоби. Мајка ми има прекрасен глас и постојано беше распеана кога работеше низ кујната или на домашни слави. Исто така таа е позната во нејзиното родно село Бучин и уште од млади години била поканета на аудиција за пеење во Скопје. За жал, татко ми не и дозволил да оди на таа аудиција, инаку верувам дека ќе беше многу популарна. Затоа ете во мене се роди таа љубов кон македонската песна и го правам тоа што не можеше мајка ми.

Моето прво појавување пред публика беше во 1998 година на настапот на КУД Јане Сандански на Фолк Фест Мелбурн. Настапив со песната “Љубовта била лага”.