Home Естрада Милан Калиниќ направи трансфер на векот – тој не е повеќе на...

Милан Калиниќ направи трансфер на векот – тој не е повеќе на Пинк телевизија

Еден од најпознатите српски водители, Милан Калиниќ, е новото лице на забавната и музичката телевизија К1, каде наесен ќе се емитува неговото прво авторско шоу „Преживеани“.

Веста дека ќе се префрли на К1, телевизија сопственост на Жељко Јоксимовиќ, ја потврди Милан како гостин во емисијата „Кец на единаесет“.

-Ја подготвувам мојата прва авторска серија наречена „Преживеани“. Во август ќе започнеме со студиски снимки, емитувањето е на крајот на септември или почетокот на октомври. Нема да откријам која е темата, но е многу интересна – рече Калиниќ.

Иако со водителството започна да се занимава случајно, овој актер својата кариера ја изгради во голем број култни формати како Летечки старт, Руски рулет, Сè за љубов, Големиот Брат, Оди до редот и танцување со Sвездите.

-Сега ќе видите нешто поинаков Милан Калиниќ. Работам со познати личности, ќе слушнете некои работи од нив што не сте ги знаеле до сега. Тоа е прилично тешко и тоа ми беше најголем страв. Но, еве, гостите се согласија да разговараат – открива Милан.

За неговите впечатоци од телевизијата К1, тој вели:

-На почетокот бев воодушевен од естетиката. Ова е телевизија која во моментов визуелно е најпривлечна во оваа област. Таа е млада, но веќе оди напред со цврсти и сигурни чекори.

Драго ми е што сум дел од сето ова, што доаѓаат други луѓе, дека сè повеќе има и ќе има повеќе изненадувања и трансфери.

-Јас би го возвратил вашето гостопримство во моето шоу, но не е тој тип на емисија и подобро би ви било да немате теми за мојата емисија – се пошегува Милан со водителите на шоуто „Кец на единаесет“, Александар Јефтановиќ и Бошко Јаковљевиќ.

Да потсетиме дека Милан Калиниќ со години беше едно од заштитните лица на ТВ „Пинк“.