Home Естрада Саша Матиќ, Цеца, Аца Лукас и други губат големи суми на пари...

Саша Матиќ, Цеца, Аца Лукас и други губат големи суми на пари – познанто колку би заработиле да имаа настапи

Лицата кои влегуваат во Црна Гора од Србија ќе бидат во карантин, одлучи синоќа црногорското Национално координативно тело за инфективни болести (НКТ).

Тоа тело воведе неколку епидемиолошки мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион.

Поради развојот на епидемиолошката состојба во Република Србија, решено е сите лица што влегуваат во Црна Гора од таа земја да бидат испраќани во карантин“, соопшти црногорската Влада.

Во соопштението се додава дека „стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор“.

Затоа, лицата кои влегуваат во Црна Гора од Република Србија, нема да бидат испраќани на домашна самоизолација до понатамошно известување, туку исклучиво на карантин во објектите определени од државата за таа мерка“.

НКТ одлучи дека градинките во Црна Гора повторно ќе бидат затворени од денеска, а угостителските објекти ќе бидат отворени до полноќ.

Црногорското приморје за време на летниот период е главна атракција не само за одмори, туку и за ноќен живот каде што во познатите дискотеки настапуваа големи естрадни ѕвезди како што се Цеца Ражнатовиќ, учесници во „Ѕвездите на Гранд“, Саша и Дејан Матиќ, Драгана Мирковиќ, Дара Бубамара…

Меѓутоа, поради пандемијата со коронавирусот по две децении ова ќе биде прва сезона која ќе помине без музичари од Србија бидејќи како и на останатите српски државјани им е забранет влез во Црна Гора.

Извор за ало.рс вели дека поголемиот дел од естрадата е во проблем поради недостаток на пари и губењето на летната сезона ќе им ја отежни работата.

„Мал број на познати може да каже дека имаат заштеда, а дури ни тие нема да можат да ја издржат оваа ситуација.

Најмногу губат оние кои најмногу заработуваа, како што се Цеца, Аца Лукас и Матиќ, а оние кои земаат мали хонорари почнаа да настапуваат по клубови во Србија.

Ако се изгуби летната сезона на црногорското приморје, штетата ќе биде голема.“, вели соговорник за ало.рс кој е познат манаџер.

„На пример, Цеца за еден настап земаше 25 000 евра, а вообичаено имаше од 7 до 10 тезги во текот на летото. Значи, оваа година ќе изгуби 200 000 евра.

Тука некаде е и Саша Матиќ кој губи 150 000 евра. Колку што знам и Дара Бубамара често доаѓаше да пее на црногорското приморје, но таа заработуваше околу 50 000 евра по сезона“, додава изворот.