Home Естрада Големи реакции во Македонија по одлуката Србинот Жељко Јоксимовиќ да пее на...

Големи реакции во Македонија по одлуката Србинот Жељко Јоксимовиќ да пее на Охридско лето

Во нашата држава не може да помине настан, пиволенд, виноленд, карневали, нови години, без да се викнат пејачи од нашето соседтство и да им се наполнат џебовите.

Последната Нова Година, на скопскиот плоштад пееше босанецот Дино Мерлин, Цеца, Аца Лукас, па и некои хрватски и црногорски пејачи и групи, се како одомаќинети во нашата држава.

Она што иритира е кога овие скапи „ѕвезди“, се плаќаат од буџетите на општините, тоест од џебот на граѓаните, кои никој не ги консултира пред да се викнат пејачи или групи од странство.

Ова важи за политичари – градоначалници од двете политички опции во нашата држава, кои се менуваат на власт. Легендарни се фотографиите на Цеца Ражнатовиќ со Зоран Заев, со поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески и многу други.

Но се чини чашата ја прелеа одлуката, на годинешното Охридски лето да пее Жељко Јоксимовиќ. Реакциите се големи, бидејќи, во услови на пандемија, кога македонските музичари со месеци седат дома, нелогично и крајно понижувачки е да викаш пејач од страна.

Македонската јавност и македонските музичари реагираат на одлуката Жељко Јоксимовиќ да го затвори овогодинешното „Охридско лето“.

Покрај оние кои сметаат дека на музичарот не му е местото на овој фестивал, доста реакции пристигнаа и на сметка на тоа дека во време на корона-криза, кога откажани се концерти, настапи, веселби, ова е шанса со македонски пари да им се помогне на македонски музичари.

Во ова време-невреме, на негово место би стаил 20-тина македонски групи/бендови, со просек 4-5 члена од бенд, 100-тина македонски фамилии ќе земеа некој денар…

А, и не дека не бил, реагира музичарот Никола Бочваров, кој упати апел до Владата, како и до организаторите на фестивали и до општините организатори на културни лета и сл. манифестации кои црпат од буџетот на Македонија да ангажираат македонски музичари.