Home Живот Најдобрите раце во светот ме спасија – сведоштво на излечена од вирусот

Најдобрите раце во светот ме спасија – сведоштво на излечена од вирусот

Уште едно сведоштво за успешно излекување пд болницата на Жан Митрев:

„Кога некој сам ќе посведочи за тоа што доживеал во најтешките моменти од својот живот се смета за најискрено сведоштво кое останува за секогаш врежано во психата на сите оние кои ќе го видат, прочитаат или слушнат.

Токму едно такво сведоштво споделуваме со вас од една наша пациентка која сакаше да сподели моменти од она што и се случувало во нашата клиника изминативе денови а за неа значеше борба за живот.

55-годиншната Б.К. со сите симптоми на инфекција од Ковид – 19 и позитивен брис, своето лекување го започнува во една од државните болници по што драстично и се влошува состојбата и одлучува да го продолжи лекувањето во Zan Mitrev Clinic.

Само неколку дена од првите симптoми почуствував отежнување на дишањето и ми беше дијагностицирана пневмонија на двете белодробни крила.

Бев хоспитализирана во државна болница каде и покрај дадената нега, мојата состојба брзо и драстично се влошуваше и дојде до нагло намалување на работата и капацитетот на белите дробови и зголемено оптеретување на срцето – вака го започнува сведочењето нашата пациентка која успешно закрепна и сакаше да го сподели своето искуство кое го имаше во нашата клиника.

По влошување на состојбата таа со болничко возило беше префрлена во нашата клиника каде започнува интензивното лекување.

– Состојбата во која се наоѓав беше тешка и животно загрозувачка. Веднаш бев ставена на машина за прочистување на крвта – веновенска хемодијафилтрација и кислородна подршка.

Почувствував дека само по неколку тешки денови терапијата почна да делува, и параметрите кои беа сериозно надвор од сите граници почнаа да се враќаат во нормала, а дишањето кое иако се уште многу отежнато стана полесно.

Им се заблагодарувам на медицинскиот персонал за одличната нега која ми ја пружија. Особена благодарност кон физиотерпевтите кои при стабилизирање на мојата здраствена состојба, по филтрацијата, веднаш почнаа со вежби за зајакнување на белите дробови нивно постепено оптеретување се до степен каде повеќе не ми е потребна кислородна подршка.

Во клиникава се употребуваат најнови и модерни апарати за третман како на мускулатурата така и за полесно ослободување од насобраниот секрет во белите дробови, а третманите и лекувањето е персонализирано и испланирано за секој пациент посебно.

Добив врвна нега во сите аспекти на моето лекување, бев под постојана контрола и проверка. Професионалните, љубезни и ведри доктори и сестри ми пружаа и психолошка подршка која во тие моменти ми дадоа сила да се изборам за живот.

Моето семејство беше постојано и редовно известувано за мојата здраствена состојба, но тие знаеа дека сум препуштена во најдобрите раце не само во нашата земја Македонија туку и во светот.

Изразувам длабока и искрена Благодарност кон доктор Жан Митрев не само за неговата професионалност и посветеност кон пациентите, туку и за градење на оваа Клиника и собирање на исклучително професионалниот персонал со кој спасил илјадници животи, а сега и мојот.

Им се заблагодарувам уште еднаш и им посакувам што повеќе сила за посветено работење и брзо наоѓање на стратегија за лекување на тешко болните од Ковид 19.

Јас верувам дека тој треба само да ја следи божјата мисла која го пратила овде за да прави добро на својот народ. Бидете претпазливи, правете се да го намалите ризикот за ширење на Ковид 19 за да се заштите себеси и вашите најмили !

Ви посакувам здравје! Искрено, Б.К. – го завршува своето сведочење оваа наша пациентка на која и посакуваме многу здравје и среќа во иднина.“

Извор: zmc.mk