Home Живот Најпознатиот српски епидемиолог Кон: Ова ќе трае до 2022 година

Најпознатиот српски епидемиолог Кон: Ова ќе трае до 2022 година

Деновиве српската престолнина Белград, се соочува со масовни протести, поради претходната одлука на државното раководтсво за воведување карантин следниот викенд, со цел намалување на новиот бран од пандемијата.

Ситуацијата ескалираше, а вчера и денес се појавија информации дека настаните се поттикнати од српската опозиција, која катастрофално загуби на неодамнешните избори во таа земја.

Како и да е, властите ретерираа од одлуката за затворање на Белград овој викенд. Со тоа, се чини, здравствената состојба ќе се продлабочи, бидејчи, масовните собири изминатите два дена, не можат да немаат влијание на сликата со корона вирусот.

Наједноставно е да се воведе полициски час, мерка против која сме сите ние во моментов. Можеби некоја личност од фелата и би инсистирала на тоа, но тоа е крајно непопуларно, иако е најбезбеден начин за борба против вирусот.

Целосното затворање на Белград во текот на викендот би го намалило пренесувањето на вирусот, вели епидемиологот Предраг Кон за РТС.

„Не може да се каже дека ситуацијата е под контрола во Белград и има тенденција да биде вонредна кога станува збор за капацитетот на прием на пациенти. Ова ќе трае до 2022 година, и ова е задача на епидемиолозите и не може да има повеќе некохерентни изјави, рече Кон за РТС.

Тој рече дека треба да се објави јавно пред граѓаните што може да се случи и објасни дека, кога ситуацијата ќе се смири, „ќе биде мирно еден месец, а ако се опуштиме со мерките ќе имаме нов бран, а постои дури и можност за огромен бран на есен“, како што беше во 1918 година за време на пандемијата со Шпанскиот грип.

Тој изјави дека околу 1.500 луѓе се хоспитализирани во Белград и дека во средата биле примени 134 пациенти, „што е сè уште помалку од претходниот максимум“.

„Имаме многу сериозна ситуација во Белград, што бара дополнителна подготвеност. „Болницата во Бањица се отвора како болница, но проблемот е во тоа што не можеме да очекуваме брзо да бидат отпуштени пациентите, бидејќи болеста се лекува во просек околу три недели, а во некои случаи и за пет недели“, рече Кон.

Како што објасни тој, во просек, околу 600 луѓе на ден бараат тестирање и овој тренд се одржува, нема намалување“, а бројот на тестови, барем во Белград, е поголем од она што е официјално објавено“.

Како што се изрази, „тешко е да се каже дека ситуацијата е под контрола, а забраната за контакти треба да биде во нашите глави“.

Оние кои не носат маски во затворен простор, можат сериозно да го загрозат здравјето на своите и на другите, посочи Кон и истакна дека можноста за пренесување е намалена на еден процент доколку сите носат маски.