Home Живот Нашиот познат музичар „заглавен“ во Америка: Ми ги откажуваат летовите – не...

Нашиот познат музичар „заглавен“ во Америка: Ми ги откажуваат летовите – не можам да се вратам во Македонија

Еден од нашите најпознати музичари, кој живее и работи во Њујорк, САД, деновиве е особено активен на социјалните мрежи. Тој ги отследува страните на социјалните мрежи, кои во своето име додаваат Северна пред Македонија.

Владимир Четкар пред извесно време даде интервју за нашиот портал, во кое меѓудругото рече:

Во Њујорк се преселив крајот на 2007 од Бостон каде дипломирав на Беркли Колеџот за музика. Брзо се адаптирав на промената, создадов многу нови контакти и се стекнав со некој од најбитните искуства во мојата кариера. Во сето тоа ми помогна единствено мојот талент и карактер.

Њујорк е дефинитивно најдобрата средина во светот за калење на еден музички уметник кога станува збор за популарната музика токму поради жестоката конкуренција и вонсериска креативност која постои тука.

Во Њујорк сум настапувал повеќекратно во некој од најпопуларните џез и музички клубови тука меѓу кој Блу Ноут, Иридиум, Би Би Кинг Џез & Блуз, ДРОМ, Роквуд Мјузик Хал, Нублу, Сити Вајнери, БАМ (Бруклин Академи оф Мјузик) како и на Блу Ноут Џез Фестивал.

Можеби ќе ве изненадам но јас сум во Америка по само околу 4 месеци во годината или можеби 5 доколку имам повеќе студиски проекти. Останатиот дел од годината го поминувам во Македонија, Азија и насекаде по светот. Се е во зависност од работата, изјави Четкар пред повеќе од еден месец за порталот Галама.

На нашето прашање дали имаше шанса да се вратит во Македонија во текот на оваа криза, тој одговори:

-Иако имав авионска карта, немав можност да се вратам бидејќи се затворија аеродромите во Македонија. Ја пратам ситуацијата во Македонија и се надевам дека ќе можам да се вратам во текот на Јуни/Јули.

Вчера, Четкар на својот профил објави дека досега два пати му ја канцелираат картата за Македонија и помалку тажно напиша дека се надева третиот пат да му се посреќи и да се врати во татковината.