Home Живот И помогнал на жена во неволја и не сакал да прими пари...

И помогнал на жена во неволја и не сакал да прими пари за стореното добро дело – го чекало изненадување

Во денешно време се чини дека луѓето се повеќе се отуѓени едни од други и дека хуманоста полека исчезнува. Но постојат примери за сторени добри дела од кои ни се растопува душата и ни се враќа вербата во луѓето. Таков еден пример е и приказната што ќе ја прочитате подолу…

Еден човек кој бил излезен на теренска работа, при поминувањето на еден селки пат здогледал застанат автомобил, а покрај него беспомошна стара госпоѓа која се туфкала наоколу.

Се чинело дека на оваа жена и е потребна помош, па човекот застанал на неколку метри од неа, го исклучил моторот и изглегол од автомобилот.

Кутрата жена се престрашила гледајќи како и се приближува овој непознат човек, не знаејќи ги неговите намери. Дали ќе ја повреди и ограби откако ќе се увери дека станува збор за осамена и беспомошна жена, или ќе и помогне? Сепак одлучила да му верува и дозволила да ја разгледа дупнатата гума.

“Овде сум да ви помогнам госпоѓо!” и рекол човекот, забележувајќи го нејзиниот страв, па ја извадил резервната гума од својот автомобил и се фрлил на работа.

Кој имал сличен проблем, знае дека оваа работа не е толку едноставна и лесна. Старицата му се заблагодарила и веднаш се понудила да му плати за гумата и за услугата.

Тој секако воопшто не очекувал дека оваа стара госпоѓа ќе му плати, па затоа и рекол: “Следниот пат кога ќе видите некој што е во неволја, помогнете му. Доволно е тогаш да се сетите на Брајан Андерсон, и сметајте дека сте ми ја вратила услугата.”

Се разделила со срдечен поздрав, а жената останала импресионирана од неговата великодушност и големината на неговото срце. Влегла во својот автомобил и продолжила по патот. Попат застанала до најблискиот ресторан за да се освежи.

Луѓето што ја затекнале внатре сите биле љубезни и ја пречекале со насмевка на лицето. Келнерката истрчала и веднаш и понудила пешкир за да ја исуши косата, бидејќи била целата натопена од дождот.

Во тој момент жената забележала дека оваа келнерка е во својата доцна бременост. Иако веројатно била многу исцрпена, сепак таа била грижлива и останала покарај старицата, постојано интересирајќи се за нејзината состојба, но и за потребите на другите гости.

Старата госпоѓа порачала лимонада и брзо ја испила. Потоа се сетила на Брајан Андерсон и лимонадата ја платила 100 долари. Додека келнерката се обидувала да најде ситно, таа излегла од локалот и си заминала.

Оставила порака за келнерката на салветка: “И јас имав проблем и некој многу љубезен човек ми помогна, на начин на кој јас денес ви помагам Вам. Запамтете го ова кога ќе во иднина ќе видите некој кому ќе му биде потребна помош.”

Кога келнерката ја одвиткала салветката, внатре пронашла уште 4 банкноти по 100 долари. И се завртило малку во главата. Со бебето кое е на пат, парите добро ќе и дојдат за да покрие некои трошоци. Ги пикнала парите во џеб и ја завршила смената.

Неколку часови подоцна, келнерката конечно се вратила дома после долгиот и напорен ден. Легнала против својот сопруг кој веќе бил во полусон. Размислувајќи за тоа колку тие двајцата се всушност среќни, му рекла: “Те сакам, Брајане Андерсон!”

Обработи: И.П. Фото: Илустрација