Home Вести Македонија Апасиев: После овие, ќе има повторно предвремени избори – тогаш Левица ќе...

Апасиев: После овие, ќе има повторно предвремени избори – тогаш Левица ќе го замени СДСМ

Лидерот на партијата Левица, Димитар апасиев, завчера гостуваше на кавадаречката телевизија „Кобра“. Тој се пожали дека во оваа кампања, тие како партија се максимално бојкотирани од медиумите.

-Медиумите ги форсираат само двете големи партии, нас не не викаат. И двете партии и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се плашат од Левица која надоаѓа. Можете да замислите, на овие избори ќе учествуваат 15 партии и според законот ние и уште дванаесет партии, треба да влеземе во оние десет проценти, простор за промоција, рече Апасиев.

Димитар Апасиев вели дека изненадувачки е колку млади луѓе им се приклучуваат. Нивниот фитбек е особено преку социјалните мрежи, каде Левица е најсилна:

-Нашиот изборен спот, досега е прегледан околу двесте илјади пати, што е повеќе од двете големи партии заедно, рече Апасиев. За младите ќе направиме многу, доколку имаме можност да практикуваме власт.

-Левица според Апасиев се залага за промена на оданочувањето, т.е. рамниот данок да се смени во прогресивен, за да се постигне некаква еднаквост меѓу граѓаните, односно да се постигне праведно општество.

Околу европската перспектива, Апасиев смета дека сме ставени во еден кош, каде што е и Турција, едно сценарио на долго триесетгодишно преговарања. Околу преспанскиот договор, тој смета дека не донел ништо и тие како партија се за негово поништување.

Димитар Апасиев се осврна и на актуелната пандемија. Тој смета дека апсолутно не сме успеале да се справиме со кризата и се покажало всушност колку е пропаднато државното здравство. Граѓаните земаа кредити за да се лекуваат во приватното здравство, рече Апасиев.

-Можеби не на овие избори, но граѓаните ќе видат што значи пратеник, како се бори пратеник. Веќе на следните избори Левица ќе освои двоцифрен број на пратеници и тогаш приказната ќе биде поинаква, рече Димитар Апасиев, Претседател на Левица.

Според Апасиев, на овие избори СДСМ ќе доживее дебакл, нивната бројка ќе биде испод четириесет и Македонија ќе доживее ПАСОКизација, односно со текот на времето, Левица ќе го завземе местото лево од центарот, местото на кое сега доминира СДСМ.

„Отворено за“ со Димитар Апасиев – Претседател на Левица

„Отворено за“ со Димитар Апасиев – Претседател на Левица / E majta / Levica

Публикувахте от Televizija Kobra в Четвъртък, 9 юли 2020 г.