Home Живот Ниту еден пчелар не е позитивен на вирусот – објаснето и зошто

Ниту еден пчелар не е позитивен на вирусот – објаснето и зошто

Во услови кога медицината сеуште нема решение за справување со пандемијата предизвикана од корона вирусот, нема вакцина, ниту ефикасна терапија, единствен одбранбен механизам против вирусот е имунитетот.

Докторите и научниците ширум светот, уште од почеток на пандемијата, препорачуваат, луѓето да се грижат и да го унапредуваат својот имунитет, преку правилна исхрана и физички активности.

Пчеларите речиси секојдневно се изложени на убоди од пчели, а тоа значително придонесува за зајакнување на нивниот имунитетот и виталност.

Во текот на една сезона, пчеларите имаат најмалку стотина убоди од пчели. Тоа, заедно со фактот дека пчеларите секојдневно вдишуваат прополис, придонесува за паравилна работа на нивниот имунолошки систем.

Според најновите истражувања на Меѓународниот центар за следење на вирусите, на Универзитетот Џон Хопкинс од Балтимор САД, во кое беа вклучени и научници од провнцијата Хубеи во Кина, а покасно им се придружиле и научници од референтниот центар за КОВИД 19 од Холандија, се дошло до заклучок дека пчелиниот отров, на чие дејство се изложени пчеларите секојдневно, всушност штити од корона вирусот.

Истовремено, и угледиот хрватски научник од областа на пчеларството, Проф.Др. Никола Кезиќ, спроведе анкета помеѓу пчеларите од регионот во вреска со бројот на заболени пчелари од корона вирусот, и до сега од стотина испитаници не е регистриран ниту еден заболен.

Освен тоа, истражувањето на кинеските научници, спроведено кај 5,115 пчелари од епицентарот на епидемијата Вухан, пакажа дека ниту еден од испитаните пчелари не заболел од корона вирусот.

Во своите истраживања, оделе толку далеку што дури 121 испитаник , кои предходно биле на апитоксинотерапија (терапија со пчелин отров) , ги довеле во контакт со заболени пациенти или со членови на нивните семејства, а резултатот бил таков што никој од нив не се заразил со КОВИД – 19.

Може да се претпостави дека пчеларите се повеќе отпорни на новиот вирус или пак можеби се целосно резистентни на него. Истовремено, направено е и истражување за влијанието на прополисот во јакнењето на имунолошкиот систем кај луѓето, во кое меѓу другото се покажало неговото антивирусно дејство.

Уште многу одамна се знаело дека прополисот е природен антибиотик и антисептик кој се користи за дезинфекција на усната празнина и на дишните патишта.

„ Ниту еден пчелар не може да ги избегне убодите од пчелите, а познато е дека пчелиниот отров делува како имуномодулатор.

Всушност пчелиниот отров му создава услови на организмот за да може полесно ја преброди изложеноста на агенсите“ вели професорот Кезиќ, кој е уверен дека пчеларите имаат појак имунитет, а со самото тоа се и помалку изложени на вирусни заболувања.

Извор: Агротим