Home Вести Македонија Само нешто под 200 – Филипче информира за состојбата во изминатото деноноќие

Само нешто под 200 – Филипче информира за состојбата во изминатото деноноќие

Денес, по речиси два месеци, Иван Огњановски си оди дома. Го испратија Министерот за здравство Венко Филипче и поранешниот Премиер Зоран Заев.

„Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.

Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело.

Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица и тоа од Скопје 94, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 9, Струга 1, Охрид 6, Гостивар 2, Крушево 1, Македонски Брод 1.

Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 90, Куманово 17, Дебар 6, Штип 9, Прилеп 3, Тетово 12, Струга 12, Битола 2, Охрид 4, Кавадарци 2, Гостивар 5, Струмица 2, Радовиш 1, Крушево 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Свети Николе 24, Кичево 3, Ресен 2.

Поч инати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.