Home Вести Македонија Шекеринска: Дурловски се плаши со мене еден на еден – тој е...

Шекеринска: Дурловски се плаши со мене еден на еден – тој е силен само позади толпа

Политичката партија СДСМ и Радмила Шекеринска, реагираат на неприфаќањето на ТВ дуелите о дтсрана на Игор Дурловски:

Соопштение за јавност Почитувани, како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.

Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон нас илно влегување во Собранието и фи зички на пад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите.

Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, на силството и медиумскиот молк.

Радмила Шекеринска пак напиша:

„Денес на дебата на Телма, противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Игор Дурловски, пак НЕ се исправи и НЕ собра храброст да дојде. Дурловски повторно избега. Веќе трет пат.

Тоа потсетува на страшното време на режимот кога немаше дебата. Таму ли сакаш да ја вратиш земјата Дурловски? Зошто си исплашен, затоа што немаш ниеден аргумент, ниеден проект и никаква понуда?

Од граѓаните на 15 јули нема бегање. Тие ќе пресудат дали ќе гласаат за некој кој се крие од дебати и од медиумите, но силен е зад разулавена толпа во Собрание, или ќе изберат некој со план, аргументи и конкретна понуда за подобар живот!“