Home Живот Во Србија 346 нови позитивни, Босна 316 – вирусот на Балканот „букна“...

Во Србија 346 нови позитивни, Босна 316 – вирусот на Балканот „букна“ на најјако

Драматичен прес вчера одржа српската премиерка, Ана Брнабиќ:

-За жал, денес е најлошиот ден од почетокот на нашата борба со коронавирусот, поради што сакав да се обратам. Во последните 24 часа, поч инаа 18 лица, 130 лица се на респиратор, а од 8.346 тестирани, 386 се ново заразени. И натаму е најкритично во Белград – рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

-Најкритично е во Белград, потоа Шабац, Нови Пазар. Гледаме влошување на целата состојба во целиот регион – рече Брнабиќ.

-Ако продолжиме вака, ми се чини дека брзо ќе ги надминеме црните бројки. Почнувајќи од вторник, 30 јуни, беше донесена мерка да се направи задолжителна мерка да се носат маски во Белград, но не гледаме подобрување на ситуацијата.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 7032 лица биле тестирани за корона вирусот, а 345 од нив биле позитивни. За жал, 12 лица поч инале. Да потсетиме, вчера беше најлошиот ден во Србија од почетокот на епидемијата – поч инаа дури 18 лица, а регистрирани се 386 нови заразени лица.

Балканските земји во изминатото деноноќие достигнуваат троцифрени броеви на нови случаи на Ковид-19. Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави прогласување на вонредна состојба поради се поголемиот број случаи на коронавирус.

Во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи, што е досега рекорден број за земјата, а починало едно лице.

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека во земјата има 1.088 активни случаи, од кои 124 пациенти се во болница, а тројца се на респиратор.

Босна и Херцеговина денеска регистрира 316 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи. Во Албанија исто така расте бројот на новозаразени, денеска се регистрирани рекордни 93 случаи и четворица починати од Ковид-19.

Вчера во Словенија имаше 34 нови случаи на Ковид-19, а во Босна и Херцеговина 317 новозаразени. Грција вчера имаше 60 нови случаи.

Во Бугарија вчера имаше 292 нови случаи на Ковид-19, а починаа тројца. Во Македонија вчера исто така се достигна рекорд, имаше 205 позитивни во едно деноноќие.

Она што загрижува кај нас е големиот процент на позитивни од тестираните, кој е над десет. Во Србија на пример е околу пет.