Home Живот Спенџарска: Затвори ја вратата, смени ја бравата, смени ја куќата

Спенџарска: Затвори ја вратата, смени ја бравата, смени ја куќата

Една од најпознатите наши новинарки и воедно една од најубавите тв лица, Јелена Спенџарска, повторно беше активна на социјалните мрежи.

Беровчанката на својот профил на Инстаграм сподели фотографија и видео, а покрај ова во својата објава имаше и текст во кој што таа вели:

„Многу е важно да дозволиш некои работи едноставно да одат…. да исчезнат. Само пушти ги.

Не очекувај да ти се вратат, да ти го признаат трудот, да ти кажат колку вредиш или да ја сфатат твојата љубов.
НЕ!!

Затвори го кругот, не заради гордост туку зашто веќе не се вклопува во твојот живот. Затвори ја вратата, смени ја бравата, смени ја куќата… Почни да бидеш тоа што СИ, заборави на тоа што си бил/а.

Нашиот живот е постојано патување, од раѓање до смрт. Околината се менува, луѓето се менуваат, потребите се менуваат ама возот и понатаму си вози. Животот е возот, не железничката станица!“

Во едно свое претходно интервју, Спенџарска има кажано:

Денот ми почнува со проверка на мојот телефон. Прво отворам очи, па после Инстаграм и меил. Се средувам за на работа и таму пијам кафе сама, на раат.

Велат дека има некоја посебна магија во првото утринско кафе. Чувството кога целата канцеларија ми мириса на тазе сварено кафе е незаменлив… си ја пуштам омилената музика, си ги ослободувам мислите и само уживам…. Турското кафе не го менувам за ништо на светот, големо(во шоља за млеко) и по можност сама да си го направам.

Ме мотивираат луѓе кои си го живеат својот живот. Луѓе со самодоверба. Животот е постојано патување од нашето раѓање, па се до смртта. Околината се менува, пријателите се менуваат, потребите се менуваат, но возот не застанува. Ме мотивираат луѓето кои знаат дека животот е воз, а не железничка станица.

Многу луѓе денеска знаат да те прашуваат што работиш, се гледаш ли со некој, мажена ли си, имаш ли деца и зошто уште не…. но, луѓето кои ќе те прашаат дали си среќна и дали можат некако да помогнат, е ти ми се најголема мотиваија. Голема е листата на работи кои ме мотивираат и претежно се ситници кои го креираат мојот живот да биде многу убав.