Home Вести Свет Срби протерани од Грција: Автобус со заразени туристи тргнал од Евија, не...

Срби протерани од Грција: Автобус со заразени туристи тргнал од Евија, не знале каде да одат

Грција дополнително ги прошири мерките, па така, од 14.јули најверојатно српски туристи ќе можат да влезат во Грција преку преминот Промахонас, но само доколку со себе носат негативен тест за корона вирус.

Ова се новите мерки кои оваа земја ги воведува поради значителното ширење на вирусот, особено меѓу туристите. Портпаролот Владе С. Петсас објави дека тестот треба да биде направен 72 часа пред влез во Грција. А, останува да важи задолжителното пополнување на формуларот.

Кога станува збор за Србија, следните денови ќе се одлучува дали и кога ќе можат граѓаните од оваа земја да влезат во Грција.

Од Хрватска стига информација дека еден српски турист е позитивен. И тоа во Истра. Како што наведуваат хрватските медиуми, новозаразениот бил регистриран меѓу 164 анализираните примероци.

Инаку, Хрватска најверојатно повторно ќе воведе задолжителен карантин за граѓаните на Србија, поради се потешката епидемиолошка ситуација во земјата.

И додека Грција пред една недела ги затвори своите граници за Србите, официјално до 15.јули, доаѓаат вести дека и Англија воведува рестрикции.

Па така, веќе и Србите ја изгубија привилегијата да не мора да одат во карантин по влезот во Англија. Од списокот на привилегирани ќе бидат избришани веројатно и од другите европски држави, а тоа е само прашање на време.

На Србите им е скратено движењето низ Европа, а единствено слободно можат да влезат во Бугарија и Унгарија. Бидејќи летната сезона е во ек, голем број српски туристи не се откажуваат и своите надежи ги насочуваат кон Турција, Египет и Тунис.

Како што соопштуваат туристичките агенции, летовите кон Турција се одвиваат непречено и засега летувањето таму е во најдобар ред. Мерките за претпазливост се на највисоко ниво. Туристичките агенции се подготвени да ги реализираат и патувањата во Грција штом се отворат границите.

Смените на многубројни туристи наскоро се завршуваат, а агенциите би требало да испратат превоз по нив. Има и такви кои барале да го продолжат својот престој, бидејќи не им се враќа назад во Србија.

За српските туристи се отворени и границите на Шпанија, со пополнување на здравствен формулар, но нема некој претеран интерес со кој би ми се исплатело на агенциите да го организираат ова патување.

Четири автобуси со туристи од Србија, вчера тргнале од грчкото летувалиште Евија. По направените тестирања било утврдено дека патниците од трите автобуси се негативни на корона вирус, а седуммина од еден автобус се позитивни.

После сознанието, возачот кој ги превезувал заразените патници немал податоци, односно дестинација, каде да ги одведе.

Само како потсетување да наведеме дека граѓаните, односно пензионерите од Евија се побунија, па беше донесена одлука сите туристи од Србија да бидат протерани од тоа место. Останува непознато, каде ќе заврши овој автобус.