Home Вести Свет Многумина се прашуваа каде исчезна д-р Несторовиќ – Ана Брнабиќ отворено кажа

Многумина се прашуваа каде исчезна д-р Несторовиќ – Ана Брнабиќ отворено кажа

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ вели дека е подготвена да разговара со сите кои имаат нешто да понудат, без разлика што ја критикуваат владата, но, како што наведе, од одговорите на потписниците од апелот за смена на крзниот штаб гледа дека тие не сакаат да разговараат.

Велат дека немале претставник, па не знам кој тогаш им ги пишува експресно брзите одговори. Подготвена сум да разговарам со било кој, бидејќи знам колку се бориме и можам да одговорам на секое прашање и да ја образложам секоја одлука.

Нивната алтернатива за Кризниот штаб е ние да седнеме и со секого поединечно да разговараме и донесуваме одлуки”, објаснува таа.

Таа исто така, наведе дека на Србија во овој момент не и е потребно ништо, дека е задоволна со работата на Кризниот штаб, и дека е горда што работи и стекнува нови искуства од луѓе како што се Предраг Кон, дарија Кисиќ-тепавчевиќ, Тиодоровиќ, Јанковиќ и сите други кои се стручни во тој штаб.

Премиерката им е благодарна што ги издржуваат сите притисоци и што не се занимаваат со политика, туку исклучиво со својата работа во исклучително тешки околности и додала дека членовите на кризниот штаб не примаат никакви средства дополнително, иако тоа го заслужуваат, ниту пак побарале за да ги примат.

А работат деноноќно, имаат консултации и во два и во три часот по полноќ, одговараат на стотици мејлови од локалот”, излави Брнабиќ за ТВ Хепи.

На прашањето дали учениците ќе ја дочекаат новата училишна година во училниците, во клупи, таа одговори дека ќе има состоанок со министерот за просвета Младен Шарчевиќ и дека се работи на упатствата за училиштата, но дека конечната одлука ќе биде донесена во понеделник или вторник следната седмица.

Како што таа наведува, ќе се труди учениците во септември да бидат присутни во училиштата, и дека тоа е особено важно за социјализацијата на учениците од прво одделение.

На прашањето дали опозицијата на Србија има нешто друго да понуди, освен смена на кризниот штаб, Брнабиќ рекла дека не знае за која опозиција станува збор.

“Сакам да разговарам со институции и луѓе кои се во парламентот, затоа што постојат голем број организации и поединци кои сметаат дека се политичари, а никогаш не влегле во собрание.

Ако сите нив ги сметаме за опозиција, тогаш ја замаглуваме реалноста”, вели Брнабиќ и додава дека собранието е институција и дека единствена релевантна опозиција е онаа која е во таа институција.

Коментирајќи ги протестите во белград на почетокот на јули, Брнабиќ вели дека “востаниците против корона се видени во многу земји низ светот.”

Последниот беше во Берлин и видовме како полицијата таму реагираше и тоа е доста поинаку од она што го видовме во Србија. Припадниците на МУП во Србија дадоа сè од себе за да го сочуваат мирот на улиците и јавниот и приватниот имот.

Реагиравме во два случаи, кога беа загрозени институциите и нивните животи”, потсетува таа и додава дека се видело како полицијата се повлекува и ги трпи нападите.

“Ова е време кога луѓето се фрустрирани е постои голема непознатица во здравството и економијата, дали луѓето ќе ги задржат своите работни места. Како што можете да видите, бројот на невработеноста во цел свет секојдневно расте. Важно е со ладни глави да се следи ситуацијата – наведува таа.

Како што вели, здрвствениот систем на Србија ниту во еден миг не потклекна или падна, а истовремено, бројни системи на многу појаки и побогати земји паднаа и не успеаја да ги опслужат своите граѓани.

“Никогаш не моравме да го угасиме некому респираторот за да го дадеме на друг. Денес никој не го критикува тоа. Имаме повеќе опрема и средства за работа и шприцеви и браунили што не морам во ниеден миг да се грижам. Имаме силен здравствен систем кој добро се бори”, заклучила таа.

За сите љубопитни каде е д-р Несторовиќ, кој не ретко знаеше да излезе со контра ставови од своите колеги, Брнабиќ одговори:

-Бранимир Несторовиќ се повлече, бидејќи повеќе не можеше да го издржи големиот притисок врз него и личните навреди. Таков притисок и навреди секојдневно трпат сите од Кризниот штап, а докторката Кисиќ неодамна си доби карикатура на своја сметка.