Home Вести Свет Учебната година ќе почне нормално, како да не било ништо – нема...

Учебната година ќе почне нормално, како да не било ништо – нема да има потреба ниту од маски во Австрија

Новата учебна година во Австрија, според министерот за образование Хајнц Фасман, ќе почне нормално и без маски. Според пишувањата на медиумите јасно е дека Фасман сака нормален старт на учебната година во септември.

За разлика до последните два месеци од претходната учебна година, кога одделенијата беа поделени и се одржуваше настава во смени, од септември сите деца повторно истовреме ќе ја следат наставата, како во нормални услови.

Исто така планирано е повторно да се започне со наставата по музичко и физичко.

Рестрикциите ќе се применат само доколку новиот „системски семафор“, кој ја покажува состојбата на заразени по општина, премине од зелено на жолто, портокалово или црвено светло.

Кога ќе се случи тоа, повторно ќе се очекуваат препораките од Министерството за здравје за понатамошно делување.

Кај жолтото и портокаловото светло се очекува укинување на пеењето, а наставата по физичко ќе се одржува надвор од сала – под ведро небо.Исто така може да се очекува и делумна обврска за носење на маски.

Кога семафорот ќе покажува црвено светло тоа ќе значи дека во таа општина училиштата ги затвораат своите врати и се преминува на учење од дома.Кога станува збор за обрската носење на маски во училиштата, министерот Фасман се спротивстави на барањето на Синдикатот на наставници.

Претставникот на наставниците, Паул Кимбергер побара во име на наставниот персонал воведување на обврска за носење на маски во училиштата, пред се поради грижата за повозрасните наставници.

Меѓутоа, Фасман нагласува дека носењето на маски за време на наставата би било апсурдно, а и во ходниците пред почетокот на наставата и за време на истата маските ќе бидат задолжителни дури кога новиот „семафор“ на Министерството за здравство нема да биде на зелено светло за општината во која се наоѓа училиштето.

Фасман истакнува дека е невозможно да бара од децата шест часа да носат маски.

Извор: Хаштаг.мк