Home Живот Д-р Вело Марковски: Доколку на човек кој го прележал вирусот му дадете...

Д-р Вело Марковски: Доколку на човек кој го прележал вирусот му дадете вакцина, може да му направи големи проблеми

Инфектологот д-р Вело Марковски гостуваше на српска телевизија и изнесе негови најнови сознанија и прогнози, како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата.

-Интересно е што ние на почетокот не добивме соодветен одговор од науката и поради тоа луѓето беа збунети и исплашени. Почнаа да излегуваат многу доктори, од различни специјалности, со различни изјави. Препораките беа седете дома и со тоа луѓето уште толку се исплашија.

Фармацевтската индустрија многу влијае на оваа пандемија. Во оваа пандемија изостанаа анализи. Во многу држави луѓето кои можат да помогнат не се вклучени во одлучувачките кругови во земјите и тоа не е добро.

Видете, во оваа криза најсилен удар доби економијата, не толку луѓето. Има само нешто повеќе поч инати од тоа што јас очекував, но сепак не е тоа многу. Не знам зошто се инсистираше да се прави ПЦР тест и пост мор тен.

ПЦР тестот може да биде и лажно позитивен и лажно негативен. Јас не разбирам како еден ПЦР тест се користи за да ссе влијае толку на економијата. Од СЗО се форсира оваа техника со ПЦР тестовите и не ми е јасно зошто е тоа така.

-Земјите се во трка за вакцината, бидејќи секоја земја сака да си има своја вакцина, а не да увезува. Бидејќи многу е тешко да се провери кога е вакцината направена, дали содржи тоа што пишува на неа, вели д-р Вело Марковски.

Марковски рече и дека овој вирус предизвикува некои промени во организмот кои што се зачудувачки. Поминаа толку месеци, а сеуште немаме релевантни научни сознанија. Можно е заедно со вирусот да доаѓа и нешто друго, рече д-р Марковски.

-На почетокот младите поминуваа многу лесно. Но сега гледаме дека има многу поч инати млади. Ние сега не знаеме што ќе се случува на есен. Дали младите ќе бидат повеќе погодени, рече Марковски.

Ќе биде интересно за државите кои се затвораа, како ќе поминат до крајот на годината, при евентуален втор или трет бран тие ќе дојдат на рамниште да речеме на Шведска, а со карантините си запоставиле економија и други болести.

За мене е стратешки погрешно што се бара вакцина. Вакцината не е решение. Требаше да се оди на добра дијагноза, дали е ковид. Бидејќи, нус појавите од вакцините нема да се гледаат веднаш, туку по неколку години.

Плус тоа, ако природната средина не дала антитела, ниту вакцината нема да дава антитела. Оваа есен вакцината нема да биде решение дефинитивно, таа би била решение за следната година, вели Марковски.

За да биде оправдано вакцинирањето на луѓето, треба да се види барем 6-7 месеци, дали вакцината ќе држи антитела. Вирусот има веќе пет промени. Тој најверојатно ќе мутира, се надевам дека ќе биде помалку вирулентен.

За крај, д-р Вело Марковски укажа уште на една работа која до сега не сме ја чуле, а тоа е дека, ако му се даде вакцина на некој кој веќе го прележал вирусот, во неговиот организам можат да се развијат многу имуно комплекси кои можат да оштетат бубрези, да предизвикаат енцефалити и.т.н.

Затоа, пред да се дава вакцина, треба луѓето да се испитуваат дали биле во контакт со вирусот, односно дали евентуално го прележале, па дури и асимптоматски, заклучи доктор Вело Марковски.