Home Вести Македонија Африм: Ахмети нема да прави влада ако мандатар не биде Албанец, така...

Африм: Ахмети нема да прави влада ако мандатар не биде Албанец, така барем треба да биде

Лидерот на партијата Алтернативам, Африм Гаши, синоќа беше гостин во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија и проговори за периодот што следи, за формирање на новата влада и за евентуалното нивно учество во таа влада.

-Сепак, до мандатаорот е и до бројките. Би сакал тоа да се ние, но не сме во позиција сега да преговараме ниту да наметнуваме. Нашиот дел е кажан, јасно сме кажале кои се нашите позиции.

Коректно сме позиционирани и во однос на ДУИ и во однос на македонските политички партии, не сакаме никого ниту да фаворизираме, ниту да хендикипираме. Мислам дека е многу битно затоа што минатата влада и сите минати влади бевме исправеи пред многу тешки предизвици и прашања како решавање на спорот со името, Договорот со Бугарија…

Сега првпат мислам дека бродот ќе ни заплива во помирни води, не дека внатрешните прашања се помирни, но навистина крајно време е да се занимаваме со најсуштествените работи кои ги задираат најдлабоко интерсите на граѓаните – економија, здравство, правна држава, образование“, .. рече Гаши.

Оптимист сум, наведе, дека ќе се направи влада, добра влада. Очекувам дека ние ќе бидеме дел од таа влада, ако успееме нашите програмски определби и предизборни ветувања да ги ставиме, да бидат дел од изборната програма.

Очекуваме дека ќе надојде многу интересен момент, каде ќе треба да работиме сите заедно и да покажеме дека треба да престанат некои практики на политичко одмаздување и внатрешна битка, рече Африм Гаши.

Според него, многу е важно формирањето на Владата да биде засновано врз основа на легитимет. Рече дека поради исходот од изборите, им дозволиле на ДУИ да преговараат за Влада. Смета дека ДУИ нема да отстапи од своето барање за премиер на државата да биде Албанец.

-Видете, тие во оваа кампања влегоа со ветување. Според нас, тоа беше еден добро осмислен маркетиншки трик, но тие тоа го направија и еве, освоија најмногу пратеници. Јас сум убеден дека сега тие нема да отстапат од тоа Албанец да биде Премиер, инаку во спротивно, ќе излезе дека ги лажеле гласачите, рече Гаши.

Ние не мислиме дека е толку важно Албанец да биде Премиер, барем не во овој момент.

-Ние сме тука и чекаме ако имаме понуда да бидеме дел од владата. Нормално ние би влегле и би преговарале ако ДУИ не успеат со премиерот, тогаш ние би ги почнале преговорите за нашата програма.

Делот со бројките за создавање на владата е одговорност на мандатарот. Тоа е одговорност на тој што победил изборите. Ние во овој дел не би можеле да помогнеме.

Единствено што може да направиме е да ги понудиме нашите пратеници да гласат за Влада, за која мислиме и веруваме дека ќе биде во интерес на граѓаните, рече Африм Гаши.