Home Вести Ердоган, најмоќниот човек во Турција ќе го советува Македонец – Сабри е...

Ердоган, најмоќниот човек во Турција ќе го советува Македонец – Сабри е роден во Скопје и се школувал тука

Реџеп Таип Ердоган е турски политичар кој е актуелен претседател на Турција од 2014 година. Ердоган бил премиер на Турција од 2003 до 2014 година и градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година. Тој е основач и актуелен лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).

Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за првпат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одусен на каз на зат вор поради потикнување на верска омр аза.

По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.

Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули.

Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година

Во 2009 година, Ердоган станал популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој.[2] Во текот на 2010 година, тој ја посетил Атина, што претставувало историски настан за односите помегу двете земји.

Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“ (АА).

Според одлуките објавени на Службен весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател.

Сабри Демир e роден во Скопје во 1972 година каде што завршил основно и средно училиште, а студирал во Босна и Херцеговина, но поради вој ната морал да ја напушти и да ги заврши студиите во Дамаск, Сирија.

Тој најпрво бил назначен за советник за медиуми и односи со јавноста на премиерот во 2009 година, а потоа за советник на Реџеп Таип Ердоган задолжен за Балканот.