Home Живот (ФОТО) Ирена Ристиќ: Фоткава е направена пред некоја вечер, кај Влада, непосредно...

(ФОТО) Ирена Ристиќ: Фоткава е направена пред некоја вечер, кај Влада, непосредно до куќичката на чуварите на редот

Ирена Ристиќ се огласи на фејсбук каде сподели фотографрија со текст во кој што вели:

Секогаш кога постирам фотки со ѓубре, јас практично постирам фотки на кои ѓубрето е последното битно нешто. Што гледам јас?

– отсуство на домашно воспитување, па се поставува прашањето што прават родителите и на какви вредности ги учат децата

– отсуство на образование, па се наметнува прашањето колку ли часови се губат во текот на образовниот процес, сите ли?

– отсуство на органи, тела, институции, кадри кои би санкционирале вакво дивеење

– отсуство и тотална апатија кај институциите задолжени за општата хигиена, во смисол, недоволно канти, контејнери, опрема и лица на терен.

– отсуство (на генерално ниво) на заинтересираност, а за стратегија да не зборам, оваа хава рија барем да почне да се решава

Фоткава е направена пред некоја вечер, кај Влада, непосредно до куќичката на чуварите на редот, веднаш до паркингот за вработените во Владата.

Што значи тоа? Да преведам…

Тоа значи дека и чуварите на редот и вработените во највисокиот орган во државата секојдневно го гледаат ова парченце рај кое тука стои со месеци и расте и се развива и ама баш ги заболе… се разбира, они имаат побитни ствари за решавање, нема ко мене со ѓубре да се бават, богдачува.

Да резимирам!У нашиов синџир, конкуренцијата за најслабија карика е огромна, поточно, синџир не ни имаме… Не е ѓубрето проблемот, дечки, системот е разјебан.

До даска. Еве, денес мислам, неповратно… А веќе за некој ден, со пар будали ко мене ќе земеме да ја оправаме работата и ќе почнеме баш од тука, од фоткава на која ѓубрето е последното битно нешто.

Значи, акција деновиве! Спремајте се полека! Со Јасмина ќе го средиме алатот, ќе докупиме што треба и ја отвораме сезоната. Благовремено ќе бидете известени