Home Естрада Македонскиот пејач откри дека е позитивен на вирусот, па се обрати и...

Македонскиот пејач откри дека е позитивен на вирусот, па се обрати и упати јасна порака: Пазете се и чувајте се

Како што е познато, вчера Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3.

Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на почин ати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера.

Направените 1825 теста се преку: ИЈЗ-415, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-216, Биотек-399, МАНУ -76, Жан Митрев (Филип Втори)-320, Систина со PCR метода -261, Судска медицина -15, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-10, ГАК-18, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Пејачот Боби Павловски синоќа на својот профил на Фејсбук ги извести своите пријатели дека се инфицирал со коронавирусот.

Како што пишува во неговиот статус и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

-Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене.

Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се , напишал Павловски на својот профил.