Home Живот Миа Костова: Дај да не се лажеме, книги и спорт ги занимаат...

Миа Костова: Дај да не се лажеме, книги и спорт ги занимаат 12 посто од уклучените на инста

Адриана Поповиќ со својата објава пред неколку дена привлече големо внимание, а во истата се велеше:

Затоа што добивам многу пораки зошто сум против инфлуенсерството ќе ви сумирам на кратко. Сакам да гледам млади луѓе што се занимаваат со уметност, со спорт, што читаат, се трудат, учат, патуваат, се дружат, готват, помагаат и живеат БЕЗ тоа да биде за слика или GIVEAWAY или лајк и share.

Инфлуенсерството ќе изумре зашто е маркетинг стратегија со краток живот, евтина и ветува брзи резултати. Тоа што за жал остана се млади луѓе без хоби, љубопитност и интерес полни комплекси и слики по бикини и задници што рекламираат крема, сок и тоалет хартија.

Најдете си вистинска професија, не бидете марионети на токсични трендови. Новите генерации ќе ги водат доктори, уметници и работници, не инфлуенсери.

Познатото македонско тв лице, Миа Костова е мошне активна на социјалните мреж, а вчера го искоментира статусот во кој што вели:

Многу мразам генерализирање на секоја тема. Често ако и доктор не се однесува ок со вас, сите доктори се кретени.

Не е така, ниту се сложувам со напишаново само и единствено затоа што не се сите инфлуенсери за ставање во ист кош.

Некои потат газ и имаат сериозни стратегии за секој ден. Дуња од Србија може да ви предава маркетинг на пола од вас што работите во маркетинг фирми и имате вакво мислење.

Личи лесно како сликање газо ви ама не е лесно. Ако се генерализира за ред ‘инфлуенсери’ кои се следат како жив пренос од психијатрија пошо у природата на човекот е да си рече’ лелеј каква будала ја сум супер’ онда тапа ви е мислењето мерејќи по 20 посто самонаречени инфлуенсери.

И крајно, дај да не се лажеме, книги и спорт ги занимаат 12 посто од уклучените на инста. А и тие кликаат на ‘ци цки и газ види фото’ ! Не е ‘најдете си работа!’ зошто мене целата инста приказна ми е па и по струка во најмала рака.

И да, плаќаат, зошто тв немате уклучено од 2010, кога на сител реклама кошташе 5000 евра. Логично е за истите пари да платите инфлуенсер. А ако ве боли, нек ве боли у себе. А и нема потреба. Не е лесно, крајно!