Home Вести Македонија (ВИДЕО) Се огласи братот на Али Ахмети: Не ги слушајте дека сме...

(ВИДЕО) Се огласи братот на Али Ахмети: Не ги слушајте дека сме исто племе со нив – стремете се кон Албанија

Фекри Ахмети, братот на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети кој не е толку многу експониран во јавноста за разлика од неговиот брат, се огласи и упати порака која првилече големо внимание.

Истата доаѓа во период кога се преговара за формирање нова влада а токму неговиот брат Али е еден од клучните фактори за истата.

Братот на Ахмети упати порака до Албанците, а во продолжени може да погледнете што кажа:

„О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии.

Не се карајте, не се разделувајте оти неп ријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цр кнат во сопствениот инает.

Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат.

Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување. Како можеме да бидеме браќа со неп ријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опас ност.

Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била.

Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните ка нџи, а потоа да бидете среќни.

Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“ – рече братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ВИДЕО: ТВ24