Home Естрада (ФОТО) Извини, но не те препознав – хрватската пејачка без грам шминка...

(ФОТО) Извини, но не те препознав – хрватската пејачка без грам шминка ги покажа сите несовршености

Како што е познато, секако едни од најпогдените од ситуацијата со вирусот се музичарите поради тоа што нивните настапи беа комплетно во прекин, а сега се и тоа како минимални.

Пејачката Нина Бадриќ последниве месеци само ужива во летото, што е подолго оваа година од вообичаеното. Таа е на море од јули, а со своите обожаватели споделува фотографии на Инстаграм скоро секој ден.

Пејачката ужива во својот дом на Хвар, а со својата најнова фотографија ги посети обожавателите на познатата серија „Baywatch“. Имено, Нина воодушеви во црвениот костим за капење позирајќи на палуба на бродот.

„Како и секоја река, одам на свое море …“, напиша таа во описот на фотографијата за која доби бројни комплименти.

„Не коментирам често, но кога ќе видам дека некој знае како да ужива во животот и сепак му оддава почит на нашето море … тоа е мојот врв, колку од нас живееме покрај море и колку не го почитуваме и не знаат како да уживаат во тоа. Нина, честитки!“, напиша еден фан.

Оваа година дефинитивно беше лоша за пејачите, кога станува збор за работата, бидејќи многумина мораа да ги откажат настапите и се чини дека сè запре во светот на музиката.

Нина Бадриќ неодамна апелираше до државата да им помогне на пејачите, за тие да можат да ја вршат својата работа без пречки, а овој нејзин апел беше критикуван од некои луѓе кои сметаат дека пејачки како Бадриќ треба да направат малку потешка работа во овие тешки времиња.

Сепак, Бадриќ не беше многу возбудена од овие коментари. Летото го поминува на море, а судејќи според фотографиите што ги објави, изгледа феноменално, па оваа пауза е многу добредојдена.

Бадриќ позираше во прекрасен едноделен црвен костим за капење, а нејзините добро познати облини ги истакна наметката што и паѓаше над нозете.

Она што се забележува е дека многу пејачи не се во можност да си ја завршат својата работа, но не и Бадриќ и Северина Којиќ, тие заработуваат пари промовирајќи разни брендови.

Хрватската пејачка Нина Бадриќ сè уште ужива во Хвар, каде го користи убавото време за сончање и пливање.

Бидејќи таа често го нема комплексот за да ја покаже својата природна убавина, така и овој пат реши да се фотографира без трошка шминка.

Имено, таа објави селфи во природно издание со сите свои маани и несовршености.

Многумина го пофалија нејзиниот изглед, додека имаше и негативни коментари од типот „дека не можат да ја препознаат на фотографијата“.