Home Естрада (ФОТО) Лила со емотивен момент: Ти си моја среќа, моја љубов, моја...

(ФОТО) Лила со емотивен момент: Ти си моја среќа, моја љубов, моја поддршка, мое сѐ

Лила Филиповска во моментов важи за една од најубавите и најпознати македонски водителки, но во истро време и инфлуенсерки. Самиот факт што толку години опстојува на сцената, е доказ дека луѓето ја обожаваат и сакаат.

Како и секаде, така и во нашата држава луѓето ги интересира и приватниот живот на јавните личност, што е случај и со Лила кој е умешна на овој план.

Во едно интервју Лила за нејзиниот родител зборуваше во суперлативи. Со нејзиниот татко функционирале како најдобри другари, најмногу им се радувала на заедничките прошетки, бил остар и директен, но секогаш реален во излагањата.

-Беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода.

Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си.Во секој случај беше моја голема поддршка.

Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение – открива водителката.

„Татко ми беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода“, открива Лила

Како што е општо познато, родендените, посебно на оние најблиските се посебно важни и сакаме тој ден да се чувствуваат убаво и посебно.

Синот на македонската водителка на „Се или нешто“, Лила Филиповска, Филип Филиповски го слави својот роденден. Синот Филиповска денеска слави роденден. Гордата мајка на својот Инстаграм профил објави фотографии со кои му го честиташе роденденот на својот син.

Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ. Најсреќен роденден … лов ју

Инаку, Филип е син на Лила од првиот брак, а воедно и најголема поддршка на водителката во животот за што сведочи и нејзиниот коментар на објавата.

Имено, и покрај тоа што шармантната водителка многу ретко зборува за својот приватен живот и речиси никогаш ништо не открива, таа одвреме-навреме знае да сподели и по некоја заедничка фотографија со Филип.

Во минатото Лила понекогаш заедно и ќе се појавеше на некој настан во јавноста и секако ќе привлечеше внимание.