Home Живот (ФОТО) Мајка објави фотка од својот син кој во солзи учи онлајн:...

(ФОТО) Мајка објави фотка од својот син кој во солзи учи онлајн: Сакав луѓето да ја видат реалноста

а помалку од еден месец од стартот на новата учебна година, националната платформа за онлајн настава се уште не е подготвена. Таа во овој момент е во тест верзија. Според новата министерка за образование, Мила Царовска, позадинскиот дел од платфорамата е готов, но треба да се работи на „интерфејсот“.

Откако ќе биде спремна ќе и биде претставена на јавноста за и учениците, и родители и наставниците да имаат увид во платформата.

-Од тој момент започнува интензивната обука со обука на кортим кој ќе одржува обуки за платформата натаму на сите училишта. Секако дека нема да постигнеме да сите во ист момент имаат еднаков квалитет за таа платформа. Но таа биде едноставна верувам наставниците многу брзо ќе се приспособат на неа и ќе имаме добра настава во 2020/2021, рече Царовска.

Во однос на родителите кои имаат деца на школска возраст, односно од 6 до 10 години, Царовска рече дека мерката се уште е во сила. Царовска вели дека треба да донесе решение на кој начин и за кого ќе остане мерката во сила откако и градинките и училиштата ќе почнат да работат.

Наставниците со хронични болести ќе можат да предаваат онлајн, односно од дома, за да се намали ризикот. Доколку мора да се одржува настава со физичко присуство, ќе може да се вклучат и дополнителни наставници кои ќе помагаат.

Како и во многу држави ширум светот и во Америка многу деца започнаа со следење на онлајн наставата, а колку тешко ја прифаќаат оваа промена најдобро докажува фотографијата од ученикот, која вирално се шири на интернетот.

Наместо во училница, шестгодишното момче од Џорџија првиот училишен ден го започна учејќи пред компјутер, преку онлајн платформа.

„Мојот син беше толку тажен поради фактот дека нема да дели училишната клупа со другарите, па ја спушти главата и почна да плаче“ – раскажува неговата мајка Џејн Комбс, која не можела да го премолчи овој момент од фотографијата – кога момчето плаче.

Кога видела колку е депресивен, Џејн знаела дека треба нешто да преземе. Затоа го фотографирала и фотографијата на споделила на Интернет, со надеж дека ќе ја крене свеста за потешкотиите со кои некои ученици се соочуваат, бидејќи не одат на училиште.

„Ја направив оваа фотографија, бидејќи сакав луѓето да ја видат реалноста. Откако го фотографирав, син мѝ ми пријде и се прегрнавме, а јас плачев заедно со него“ – раскажа оваа жена за медиумите.