Home Вести Иван: Треба да престанеме да објавуваме бројки на новозаразени секој ден

Иван: Треба да престанеме да објавуваме бројки на новозаразени секој ден

Познатиот научник, проф. д-р Иван Џикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт објави 10 точки како успешно да се подготвиме за новите предизвици наесен, кога се очекува периодот и на сезонскиот грип, но и реално зголемување на бројот на новозаразени од коронавирус на дневно ниво.

Според него, најважно е граѓаните да не се плашат со топло-ладни вести, туку треба да се информираат со точни податоци и секој да биде одговорен за донесените одлуки.

Проф. Џикиќ смета дека доколку навреме се подготви државата и доследно секој од нас се придржува до овие базични мерки, може да се обезбеди здравје, да се заштитат ризичните групи и да се овозможи евентуално непречено школување во текот на есента и зимата

Колумнистот за здравство на „Би-би-си“ минатиот викенд објави статија под наслов: „Дали е време да се вратиме во нормален живот?“. Тој се прашува дали медиумите и владите претеруваат, со оглед на тоа што се намалува бројот на пациенти во болниците.

Има повеќе заразени лица, но има и повеќе тестови, пишува „Би-би-си“.

„Само гол ите бројки навистина влијаат на граѓаните, луѓето и нивната психа, и мислам дека тоа може брзо да се промени и мислам дека би било попаметно да има одредени поопшти информации од јавен карактер“, изјави научникот Иван Џикиќ за РТЛ.

Ова се прави со известување за неделните трендови во одредени области, смета Џикиќ.

Бројките што многумина ги истакнуваат како клучни за намалување на паниката од корона се оние од смр тност. Во првите три месеци од епидемијата во Хрватска, од март до април, 2.200 лица биле заразени со корона, а 100 лица почи нале во истиот период.

Од крајот на април до денес, 8.300 новозаболени и 86 почи наа од коронавирусот.

„Постојат голем број фактори за тоа, меѓу нив начинот на ширење на вирусот и популацијата врз која моментално влијае вирусот, но најважно е што ние како општество сме многу поподготвени за вирусот“, рече Џикиќ.