Home Вести Македонија Јоци: Стевчо вчера не го видов на протест, а го виделе во...

Јоци: Стевчо вчера не го видов на протест, а го виделе во кафеана со Васко Наумовски

Вчера се одржа првиот од многуте најавени протести на опозицијата. Тие рекоа дека ќе прават тематски протести. Овој беше за поскапувањето на струјата.

На социјалните мрежи веднаш се разви дебата колку луѓе имало на улица. Приврзаниците на опозицијата велат дека одзивот бил солиден, додека оние на владеачките партии дека било очајно.

Според нив, дури и најобични здруженија кои протестираат против покачувањето на цената на струјата, успевале да соберат повеќе луѓе.

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, забележе нешто друго. Тоа е дека коалициониот партнер на Мицкоски, Стевчо Јакимовски не бил пристутен. Таа шпекулира дека е можно, Стевчо да го поддржува еден од кандидатите за наследник на Мицкоски, Васко Наумовски:

„Стевчо Јакимовски, коалициониот партнер на #Мицкоски, беше вечерва на протест? Некако не го видов. Добро, може имал маска.

Ај, тоа. Туку, Стево Муња, вчера-завчера, заедно со жена му е сликан во кафеана во Карпош со Васко Наумовски, еден од оние кои бараат смена на Мицкоски. Чим бил со жена му, која се разбира во пари, значи ептен сериозен муабет паднал. Можеби за пари⁉️

Особата со белата маица не знаеме која е, ама ако не е жена му на Васко, ќе помислиме дека нешто му е. Ама не сме такви, баш сме фини, ништо не мислиме.

Туку, другпат со неа ќе се бавиме, подетално, кога некој ќе ни каже детали. А, секако ќе дознаеме.

Да скратам. Васко, како што раскажуваат комитите, имал желба да го замени Мице, ама на крај – ќе му остане само желбата.

Неколку појаки играчи има, Васко земи бројче и гледај да не бидеш последен, пошто си многу молчалив периодов. Има ред, не трчај преку ред. Мице секако е минато.

Туку, Стево изгледа го баталува полека Мицкоски. А, има еден пратеник. И тој еден, каде ќе оди? Кај Заев? Стево, кучо стара…не, стварно си зарибал чим вака те наместиле за сликање. Ама, ај ќе ти текне.“