Home Естрада Цеца проговори за момчето што влезе во нејзиниот живот и за јавноста...

Цеца проговори за момчето што влезе во нејзиниот живот и за јавноста откри она што многумина ги интересираше

Познатата балканска музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ постојано ги полни медиумите кои со големо внимание го следат нејзиниот живот.

Секоја промена, изјава или потег не може да помине незабележано. Цеца е позната по честата промена на својот имиџ, особено по својата коса која честопати ја менува.

Така се случи и овој пат кога пејачката со фановите сподели фотографии на кои таа ја покажа својата нова трансформација, односно новата фризура.

Оваа нејзина трансформација доби низа комплименти и позитивни реакции.Дали новиот имиџ е поради некој нов проект, видео или сличен музички ангажмани останува наскоро да видиме.

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ со месеци трпеливо го чекаше денот кога ќе стане баба, и почна да се подготвува за пристигнување на нејзиниот внук веднаш штом откри дека нејзината снаа Богдан е бремена. На крајот на декември минатата година, Цеца купи уникатен подарок.

Цеца купи уникатна лулка која е направена според посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето.

Цеца ја нарача оваа специјална лулка во странство, а имајќи предвид дека е рачно изработена, таа за ова задоволство мораше да плати скапо – како што беше напишано, таа е бројка од дури неколку илјади евра.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие колку нејзиниот внук Жељко ѝ го направи животот подобар, а среќата ја споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

Цеца Ражнатовиќ отворено зборуваше за домашните медиуми за нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ, кому му го посветува секој слободен момент и истакна дека му го посветува сето внимание кое не им го давала на своите деца затоа што тогаш имала многу повеќе обврски.

– Ние мораме да се организираме, секој од нас е вработен и има свои обврски. Тој има помош во Тител, семејството на Богдана доаѓа кај него, кога се во Белград, јас сум тука, кога немам никакви обврски, секако дека ќе бидам со него, тоа е големо задоволство за мене.

Кога бев помлада, кога беа во прашање моите деца, немав сила за такво нешто, а сега имам премногу. Претпоставувам дека тоа оди со зрелоста, тој е навистина задоволство за мене. Сите работиме, па убаво се организираме – изјави Цеца во емисијата „Ексклузив“.

Таа додаде дека е многу нежна и ужива да се гали и да си игра со нејзиниот внук.

– Имав и мои деца, секогаш ја покажував својата понежна страна. Јас сум емотивна и нежна жена по природа. Се галиме цел ден, јас го снимам.

Осумдесет проценти од сликите и клиповите ми се со бебето, телефонот ми е полн – изјави фолк sвездата во споменатата емисија.