Home Вести Дијаспора Билјана Ванковска: Сакам со вас да споделам вистинска приказна од Отава, Канада

Билјана Ванковска: Сакам со вас да споделам вистинска приказна од Отава, Канада

Билјана Ванковска: „Јас, којашто почитувам мерки за заштита од ковид-19 и не потпаѓам на теории на за говор, еве ќе споделам со вас вистинска приказна од Отава.

Дарио одеше две недели на училиште. Ќерка ми ми раскажуваше: кое дете носи маска, кое не носи, на голем одмор сите купче, си играат без никаква дистанца, учителките си гледаат сеир. Мерките про-форма…

Еве, дојде есен (таму и малку порано во поглед на температурите), и почна сезоната на течење носиња, кивање, кашлање…

Половина одделение на Дарио веќе не е на школо, а вчера го вратиле и него. За да се вратат во школо, за децата се бара негативен тест на ковид-19 (4-5 дена чекање на термин и 4-5 дена за резултат, вкупно околу 10 дена) или 14 дена самоизолација.

И што вели ќерка ми, сега не ни се исплатува да го малт ретираме на тестирање на секое кивнување, а и школово е тргни-застани. Ова се случува во високоразвиена земја и во училиште со солидни материјални услови (простории, тоалети и сл.).

Кај нас ќе биде полошо, се разбира, бидејќи сиромашна популација не може ни да се дозволи тестирање (во Канада е бесплатно). Сета онаа па ника и кампања за пуштање на децата без маски на училиште е бесмислена.

Ете, ќе ги пуштиш, и после ќе си ги чуваш дома и ќе земаш боледување заедно со нив, под закана од пониска плата или отпуштање од работа.

Ди скр им инаторската страна на државата е посебен проблем: наложува задолжително образование, а децата не се еднакви, т.е. таа товарот им го препушта на родителите кои треба да решаваат системски/државни проблеми.

Цело лето тераа кампањи, се пазареа, сега ќе не’ европеизираат (повторно), си делат фотељи, си бараат преводи на албански, итн. НИКОЈ не седна да ги осмисли чекорите во најавената есенска/зимска ситуација.

Уште на почетокот на кризата напишав повеќепати дека кризата само ги заострува и покажува сите негативни страни на пр ед аторскиот ка питализам, во кој животите на сиромашните се безвредни, освен ако се „есеншалс“ (оние кои треба да рмбаат).

Ова се рефлектира на сите сфери, од здравствената заштита, квалитетот на живот и исхрана, до образованието. Неспособноста на нашите власти и нефункционалноста на нашата држава не бараат посебна елаборација.

Тео рии на з аговор најмалку ни требаат. Но, и најавата на бесмислени и неаргументирани мерки, особено откако искусивме тешки карантини и кршење на човековите права во вонредна состојба среде блага здравствена состојба, сега само ги поттикнува оние коишто „не веруваат во вирусот“ и мислат дека ова е измислен проблем „за дисциплинирање на луѓето-овци“.

Чувството дека држава нема, дека на лекарите не може да им се верува, преминот од верски на политички собиранки, одење на одмори, па затворање дома, сето тоа придонесува за нерационално однесување.

Пак ќе речам, не е до „менталитетот“ туку до нелегитимната и неспособна власт.“