Home Живот (ВИДЕО) Д-р Пановски прекрасно објасни зошто нема потреба да пребришувате производи од...

(ВИДЕО) Д-р Пановски прекрасно објасни зошто нема потреба да пребришувате производи од самопослуга

Вчера во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, гостин беше микробиологот д-р Никола Пановски, кој во изминатите месеци беше особено активен во медиумите во оваа пандемиска криза.

Според Пановски, кога зборуваме за една од главните дилеми, зошто има толку многу поч инати, тоа најверојатно е поради дисперзијата на пациентите во болниците во внатрешноста, кои веројатно не се екипирани и подготвени да одговорат на една ваков предизвик.

-Ние не знаеме каде некој поч инал, бидејчи за разлика од порано, сега властите кажуваат само да ли некој поч инал во болнички или домашни услови, вели Пановски. Но ако вака продолжиме, вели Пановски, ќе ја поминеме и Шведска која немаше никакви карантнински мерки.

Сепак, доктор Пановски се сомнева дека некои земји, особено од нашето опкружување, како на пример Србија, манипулираат со бројките на поч инати, притоа наведувајќи и конкретни примери околу тоа.

Околу лекувањето, д-р Пановски проговори за респираторите и нивната правилна употреба.

-Кај нас требаше уште на почетокот да се обучат тројца анестзиолози и ингектолози, кои ќе раководат со работата со респираторите. Верувајте, дека во светот см рт носта е многу намалена, дури и до пет пати, поради правилното лекување.

-Во првите месеци многу внимание се обрнуваше на миење раце, со претпоставка дека вирусот живее на предмети. Но тоа многу брзо се покажа дека е погрешна теза, а кај граѓаните остана стравот, па дома ги пребришуваат производите од продавница, ги мијат и.т.н.

За да се заразите од предмет, или продукт од продавница, истиот треба да биде контаминиран со доволна количина вирус, бидејќи на овој вирус му треба количина за да зарази. Тоа би значело, врз производот пред вие да го земете, да имаат кивнато неколку луѓе еден по друг и вие веднаш потоа да го земете.

Но не само тоа, туку веднаш откако ќе го фатите производот, би требало да се допрете на устата или очите, што е практично многу малку веројатно. Бидејќи, вирусот, како поминува времето, кога тој е врз некоја површина, тој слабее.

Според тоа, ова миење на улици и дезинфекции се глупост. Исто така и носењето на маски на отворено е беспотребно и нонсенс. Главно ширење на вирусот е преку респираторен тракт.

Визирите и маските штитат доколку за да заштитат во затворен простор, или надвор доколку зборувате со некого на мало растојание и подолго време. Значи надвор, доколку се држи растојание, нема скоро никакви шанси да се заразите.

-Да се разбереме, маската во затворен простор треба и мора да се носи, бидејќи и се докажа дека вирусот, особено ако е климатизирано, може да лебди во воздух.

Особено каде што има преење, гласно зборување, комбиња, автобуси, соблекувални, тоалети, лифтови.

Втора премиера „Само Вистина“ 23.9.2020

Втора премиера „Само Вистина“ со д-р Никола Пановски – Тргна ли есенскиот Ковид бран?

Публикувахте от Канал 5 Телевизија в Сряда, 23 септември 2020 г.