Home Естрада (ВИДЕО) Зоки Фаци откри – бил подмитен со 500 евра од дечкото...

(ВИДЕО) Зоки Фаци откри – бил подмитен со 500 евра од дечкото на Накова, за да ја направи популарна

Јавна тајна е дека пејачите, пејачките, но и најобични девојки и момци, кои сакаат да се пробијат на естрадата, не бираат средства за да успеат во својата намера.

Почнуваат со постирање фотографии на социјалните мрежи, а кога тоа нема да им успее, помош бараат од луѓе кои се веќе во бизнисот со естрадата, како водители, новинари, сопственици на локали, телевизии, портали…

Новинарите Зоран Василевски – Фаци, Васко Спасовски и Љиљана Станишиќ открија интересни детаљи поврзани со лични искуства од нивната кариера, меѓу кои и детали за тоа на што се’ се подготвени анонимците за да станат познати?

На домашната естрада врие од таканаречени „новокомпонирани ѕвезди“. Секој сонува да стане познат, но која е цената за успех и популарност? На што се’ се подготвено одредени анонимците за да станат славни , познати, селебрити?

Дали газат преку „живи луѓе“, а неретко и преку соптвеното достоинство, само за да добијат насловна страница во некој печатен магазин, наслов и сторија во портал или прилог во ТВ емисија?

Tокму на овие прашања тимот на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се обиде да добие одговори, а нивни соговорници беа неколку естрадни новинари меѓу кои Васко Спасоски, Зоран Василевски – Фаци и новинарката Љиљана Станишиќ, која е дел од тимот на српски „Курир“.

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на мпропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Зоран Василевски – Фаци, раскажа како пред пред 13 години, на некој начин бил подмитен. Кога Александра Накова дошѓла од Гевгелија во Скопје и ја почнувала кариерата, нејзиното момче му дал плико со 500 евра и побарал од него да ја направи позната.

Подоцна Накова навистина стана популарно лице во Македонија, беше присутна по порталите и телевизиите, а дури успеа да стигне и до популарното шоу „Сурвајвер“, каде заедно со Жаре Бербер, беа претставници од Македонија.

Во новото издание на „Бекстејџ“ ќе гледате:Наместени кавги, поткуп, измислени приказни, голотија – На што се се' спремни анонимците за да станат познати?! Тренерот на Вардар, Александар Васовски зборува за својата фудбалска кариера, па открива со какви притисоци се соочува неговиот тимПровокативна фотосесија на младата и таленетирана Лина Пејовска – Модерна и шик пред објективот на „Бекстејџ“Ви велиме добар ден во 16 часот и 15 минути и добра ноќ во 22 часот и 15 минути. „Бекстејџ“ на Телма , не не пропуштајте!

Публикувахте от Backstage Macedonia в Петък, 18 септември 2020 г.