Home Естрада (ФОТО) Бившата на Кајмаковски доби најнова понуда – торба полна пари

(ФОТО) Бившата на Кајмаковски доби најнова понуда – торба полна пари

Важи за една од најубавите македонки, а вниманието на себе го привлече откако стапи во брак со Даниел Кајмаковски. Кристина Димитриевска каде и да се појави плени со својата убавина и шарм, а како и нема кога е модел и мисица, но и пејачка.

Откако се раздели со Даниел Кајмакоски, таа со особено внимание им се посвети на сопственот живот и кариера, пробивајќи се на голема врата меѓу познатите и популарни личности.

Македонската мисица, Кристина Димитриевска беше прогласена за Балканска убавица. Имено, таа не изборот одржан минатата година во Белград, како претставничка од Македонија под патронат на Модното студио „Црнокрак“ ја понесе титулата „Мис на Балканот 2019“.

Интерсно е што на Кристина ова не и е прва титула, како што не и е и прв пат да се закити со дијадемата за „Балканска убавица“.

Имено, во 2014 година, тогаш се’ уште малолетната тетовка, 17 – годишната Кристина Димитриевска во скопскиот хотел-ресторан Томче Софка ја понесе титулата новогодишна „Балканска убавица“ по прв пат.

И оттогаш и тргна Како што му тргна нему, на нејзиниот сега веќе бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски, кој некако во исто време во таа 2014 година победи на регионалното музичко талент шоу „Х- фактор“.

Тогашната новогодишна „Балканска мисица 2014“, титулата ја одведе токму до него- момчето со „Х – Фактор“, Даниел Кајмакоски, чија љубов заврши со брак, а недолго потоа и со принова во новоформираното семејство, синчето Давид!

Брачната идила завршува со разделба на приватните и вкрстување на професионалните патишта. Даниел и се враќа на музиката, Кристина тргнува да му стане конкуренција, во обид покрај манекенската, да направи и музичка кариера

-Ќе ве излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе – вели во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот на годинава веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста.

Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.

После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ”

Пред неколку дена како што информиравме, Кристина на Инстаграм на опцијата дневна приказна покажа каква понуда добила, а во истата се вели: – Заштедив доволно за летово. Да ти платам да ми бидеш девојка – гласеше понудата.

На тоа Кристина во свој стил му врати на фанот и го посрамоти: – Плати им на твоите родители оштета што родиле дете дебил.

Димитриевска, токму поради својата актуелност во јавноста и медиуите се почесто си има проблем со погрешни обожаватели, но и такви од понежниот пол што не ја поднесуваат.

Овој пат, проблемот повторно се појави преку социјалните мрежи, а истиот очигледно толку ја напнува и изместува од ритам мисицата, што реши проблемот да го сподели јавно.

Таа веќе неколку дека објавува пораки од нејзин следбениик на Инстаграм и обожавател на нејзината појава и работа, а проблемот е во тоа што тој мисли дека Кристина е материјална девојка, па може да ја купи со пари.

Меѓу последните пораки кои и ги испрати, беше фотографија со „непристоен предлог“: Торбичка полна со пари, кои треба да ја намамат Кристина да биде негова.

Фотографијата таа ја сподели јавно, но не и неговиот идентитет, а овој пат повторно беше фина и го поштеди од тоа, но и го предупреди дека ова му е последно.

-Секоја будала со вакви понуди, ќе биде (објавен) со име и презиме на „стори“, па ако сте за, продолжете – напиша Кристина.