Home Живот Миа Костова позитивна: Знам дека сега ќе викаат ако, така и е

Миа Костова позитивна: Знам дека сега ќе викаат ако, така и е

Водителката Миа Костова синоќа објави дека е позитивна на вирусот “Ковид 19”. Вели дека знае од кого се заразила, и дека нема врска со тоа шѕо одела на журки:

“Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките.

Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци, фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни.

Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се”, објасни Миа на својот профил на социјалните мрежи.

Таа неодамна изјави дека го поддржува организирањето на забавите, по што наиде на критики од јавноста.

“Не сакав да се обратам на тема ‘двојните аршини’ и двете слики од религиозната поворка и сликите од журка.

Видете вака, ако некој воопшто следеше препораки и не излезе од дома 3 месеци тоа бев јас.

Ама, апропо сликата под која фино кажувам дека заради послушност се осеќам ко магаре исто така фино најавив дека би отишла на журка на отворено, зашто?

Затоа што наспроти се’ константно сме мајмуни и со мерки и без нив. А крајно, јас закон не прекршив. И уште покрајно, моето дете не оди во училиште заради протоколите (маски и несоцијализација како во затвор), раздалеченоста од училиште а прекратко времетраење на часовите и така… а не заради корона!

Можете слободно да ми се симнете од врат и да си најдете друга занимација”, додаде Миа.